Предлог за читање

Книга: „Вдовицата“ – во секој брак има тајни, колку мрачна е вашата тајна?

Фиона Бартон е британска новинарка која има работено за Sunday Mail и Daily Telegraph. Во текот на својата  истражувачка работа била сведок на различни контроверзни судења. Токму тоа животно искуство е дел од нејзината дебитантска книга „Вдовицата“ (The Widow), кај нас преведена на македонски јазик во издание на издавачката куќа Култура.

Станува збор за одличен психолошки трилер кој се фокусира на три ликови: Џин Тејлор, сопруга на главниот осомничен, Кејт Вотерс новинарка која пишува за Џин и инспекторот Боб Спаркс, кој го истражува случајот. Дејството се одвива околу исчезнувањето на двегодишната Бела, а за тоа е осомничен Глен, сопругот на Џин. Почнува потрага по вистината, а патот до неа е трнлив.

Животот на Џин Тејлор е претворен во пекол, нејзиниот сопруг е обвинет за киднапирање на дете, а таа се обидува сите да ги убеди во неговата невиност. Во секој брак има лаги и тајни, но колку мрачни се тие?

Откако ќе стане вдовица Џин е ослободена од брачните стеги и подготвена е да си ја отвори душата пред новинарите и полицијата. Дали тоа ќе помогне за случајот со малечката Бела? Мала заслуга за отвореноста на Џин има новинарката Кејт, која од случајот прави медиумски спектакл. До каде е таа подготвена да оди за да дојде до ексклузивна вест? Боб е вистинскиот човек за овој случај, но и тој, исто како Џин и Кејт, прави грешки во истрагата. Дали Глен е праведно обвинет или е случајна жртва?

Во потрага по вистината, авторката се навраќа во минатото и назад во сегашноста, преку нарацијата на овие три ликови. Секој од нив ја раскажува својата страна од приказната, но кому да веруваме?

Врската меѓу Џин и Глен е прилично комплицирана, Џин е тивка и ненаметлива жена која прави сè што ќе ѝ каже сопругот. Како што се развива дејството ликот на Џин еволуира и таа повеќе не е пасивна. Станува помалку зависна од сопругот и повеќе свесна за себе. Таа е двигател на дејството, нејзината перспектива во книгата е најсилна, а нејзиниот глас на наратор е најмоќен.

Кејт е таа што се служи со новинарски  трикови и истражува, додека Боб предадено работи на разоткривањето на сплетките. Дали ќе паднат маските на Џин и Глен и дали конечно ќе ја дознаеме вистината?

Кога станува збор за Глен, не случајно неговиот лик е најомразен. Тој е манипулатор, опасен лажго и доминантен сопруг. Но, дали е виновникот кој сите го посочуваат?

Авторката во романот разработува неколку актуелни теми, од кои ќе спомнеме само неколку. Акцентот е поставен на неколку прашања: злоупотреба на социјалните мрежи, незаштитени податоци на интернет, објавување фотографии на деца во јавност и слично. Како да го заштитиме нашиот идентитет на интернет ? Што се крие под површината на исчезнувањето на Бела и дали Џин има сторено нешто погрешно? Дали и таа е соучесник на Глен?

Во тој контекст се надоврзува и погледот на мајката чие дете е киднапирано, Доун Елиот. Колкава е нејзината вина за исчезнувањето на бебето Бела? Колку е безбедно да споделувате информации за вашите деца на непознати луѓе преку интернет?

Додека ја читате книгата почнувате да се прашувате колку добро ги познавате блиските луѓе околу вас, кој од нив води двоен живот и на крајот сфаќате дека ова може да се случи секому. Тоа е така бидејќи авторката автентично го доловува целиот настан со Џин и нејзиниот сопруг. Чија страна ќе заземете нема да знаете до последен миг.

Романот има неверојатна приказна со посебни врски меѓу ликовите, кои истовремено соработуваат за да ја дознаат вистината, но во некои моменти таа врска се губи и се создаваат празнини. Токму тие празнини отвораат нови сомнежи, нови прашања и нови морничави детали.

Крајното прашање што ќе си го поставиме себе си е колку добро го познаваме човекот со кој сме во брак бидејќи ќе откриете неверојатна приказна која длабоко ќе ве трогне, приказна која никогаш нема да ја заборавите бидејќи во вас ќе разбуди претпазливост на која можеби досега не сте ѝ придавале толкава важност.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Книги

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе