Книжевни магнитуди – разговори со македонски автори без цензура

Вечерва во Јавна соба во 19 часот ќе се одржи првиот од низата настани во рамките на проектот „Книжевни магнитуди“ што го приредува авторката Марта Маркоска, која е и носител на проектот.

„Книжевни магнитуди“ e прв од ваквиот тип настани во Македонија каде секој слушател/читател ќе има можност да го запознае авторот одблизу и да го праша сè што сака, за него и за делото, бидејќи разговорите ќе се водат како отворена трибина, без цензура, најави Маркоска која ќе биде и модератор на настанот.

Вечерва гости ќе ѝ бидат Ристо Лазаров и Лидија Капушевска Дракулевска.

„Македонските поети заслужуваат достојно да бидат претставени пред што поголема слушателска, а потоа и читателска публика без разлика на која генерација ѝ припаѓаат. На овој начин, младите авторски генерации ќе добијат поголем публицитет пред постарите, и обратно, постарите ќе ја добијат должната почит пред помладите генерации“, вели Маркоска.

„На ‘Ти’ со авторот. Без цензури. Запознајте го човекот-автор за подобро да го разберете неговото творештво! Да ги обединиме практичарите и теоретичарите, поетите и прозаистите, книжевниците и филозофите, слушателите и читателите. Да успееме, најсетне, да направиме пакт и да се запознаеме меѓусебе подобро, особено затоа што во последниве, не години, туку, децении, значително си недостигаме!“, стои во најавата за настанот.

Тие ја покануваат публиката да „влезе во рингот“ на овој книжевен „боречки клуб“ и да ги прошират своите видици. Влезот на настанот е слободен.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Култура

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе