Кобните последици на пандемијата: Што ни прави живеењето во „привремена состојба“?

На почетокот на пандемијата, работите беа многу јасни - се чекаше вакцината и се надевавме дека тоа ќе биде крајот на кошмарот наречен коронавирус.

Но, работите не се одвиваат како што повеќето од нас се надеваа. Вакцината пристигна, маските сѐ уште се задолжителни, инфекцијата со коронавирус е сè уште многу честа појава, а тестирањето е секојдневие.

Јасно е дека многумина ги сменија начините на функционирање и преминаа од долгорочно на краткорочно планирање. Но, дали е тоа добро за нашето ментално здравје?

Од непланирање до анксиозност

Животот во „привремена состојба“ може да создаде чувства на вознемиреност и непријатност. Може да биде крајно вознемирувачко кога немаме чувство дека нешто е трајно, а работите се минливи“, изјави за verywellmind.com психотерапевтот Џејни Голден.

Многумина, исто така, имаат постојан страв од инфекција, дури и ако се вакцинирани, а грижата за своите постари најблиски не престанува речиси две години. Сето тоа нѐ носи до ментален склоп да живееме ден за ден.

Психологот Сабрина Романоф предупредува дека во изминатите две години луѓето си поставиле цели и очекувања кои биле отфрлени со молскавична брзина поради неочекуваниот развој на настаните.

„Со поставување краткорочни цели е поверојатно дека ќе ги остварите и тоа за возврат го зајакнува чувството за надеж, достигнување и напредок“, вели психологот, кој ја припишува оваа промена на нашата издржливост и способност да најдеме радост во непредвидливото.

Не грижете се за иднината

Д-р Џулијан Лагој, психијатар, предупредува дека има многу луѓе кои се вознемирени и кои се фокусираат на далечната иднина и на најлошите сценарија:

„Им велам да не се грижат толку многу за иднината и наместо тоа да се фокусираат на сегашноста и на она што можат да го постигнат на дневна основа, а тоа е генерално добро за нивното ментално здравје. Препорачувам таква промена на размислување на секој што се чувствува лошо и неволно“.

Ако не знаете како да ги претворите долгорочните цели во краткорочни, психотерапевтот Џејни Голден има неколку совети:

- Фокусирајте се на она што можете да го контролирате, а не на она што не можете - тоа ќе ви помогне да се чувствувате посилни и помалку вознемирени.

- Фокусирајте се преку вежби за свесност како што се дишење или медитација.

- Фокусирајте се на сегашноста. Без разлика дали живеете во пандемија или не, единствената гаранција во животот е токму овој момент, сега.

- Запомнете дека пандемијата не е вашата прва тешкотија - дури и ако е најдолга - и размислете што ви помогнало во претходните предизвици.

- Вежбајте благодарност. Кога доаѓаме од место со „доволно“ изобилство и уважување, можеме да се чувствуваме опуштено, да видиме можности и да чувствуваме надеж.

Исклучително е важно да запомните дека не сте сами ако чувствувате дека оваа пандемија е бескрајна и огромна. Ќе има и добри и лоши денови. Бидете позитивни и потпирајте се на вашите најблиски додека поминуваме низ овој тежок период.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Здравје

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе