Кога „Home Аlone“ би бил покрвав филм
Еден од култните филмови без кој не може да поминат новогодишните и божиќните празници се „Home Аlone“. Овој филм беше направен за да може целото семејство да го гледа, па затоа недостасуваа „крвави“ моменти.
Во реалниот живот, финтите и стапиците што ги правеше Кевин за двајцата натрапници, најверојатно ќе имаа крвави последици. Со ова на ум, Bit Massive ги измени дел од насилните сцени од филмот кои што ги паметите како забавни и смешни и ги направи пореални, поточно покрвави. Погледнете погоре како би изгледал „Home Аlone“ кога би бил покрвав филм, а вториот дел од видеото тука.