Кога македонската фудбалска репрезентација го одиграла првиот натпревар?

Филип Здравески
/ 05.09.2024 / 19:43

Веднаш ќе ви кажеме дека тоа не е оној со Словенија во Крањ. На денешен ден е, но многу години пред Крањ.

Тој пријателски натпревар 1993 година во Крањ е прв со дозвола на ФИФА, прв официјален, но далеку од тоа дека е прв натпревар на репрезентацијата на Македонија.

Веројатно во денешно време ретко кој знае, а уште поверојатно дека ретко кој има жив и се сеќава на таа далечна 1945 година. Да, дури тогаш Македонија имала своја фудбалска репрезентација и за прв пат одиграла натпревар.

Со оглед на тоа што Втората светска војна само што завршила, Македонија, а и останатите држави во склоп на Југославија, била разурната. На фудбал ретко кој помислувал, освен сојузите, кои одлучиле наместо клупско првенство на Југославија да се одигра турнир помеѓу републиките. Навистина интересна идеја благодарение на која Македонија за прв пат добила своја репрезентација.

Се играл нокаут-систем почнувајќи од четвртфинале, бидејќи и немало многу екипи - само 8. Освен шесте републики (Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Македонија) со свои репрезентации учествувале и покраината Војводина, како и Југословенската народна армија (ЈНА). Жрепката одлучила Македонија да игра против Војводина.

Тој 5 септември 1945 година во 14 часот македонските фудбалери истрчале на стадионот „20. октомбар“ во Белград, каде се играле сите натпревари. Не почнал добро тој натпревар за Македонците бидејќи уште во првата минута Силвестер Шереш, Унгарец од Војводина и напаѓач нна МТК од Будимпешта, ја затресол македонската мрежа.

Македонија брзо се вратила во игра кога Јане Јаневски во 7. минута израмнил. Македонецот од белградски Партизан подоцна станал еден од легендите на скопски Вардар. Во 24. минута Војводина го вратила водството откако Благоја Петровски си постигнал автогол. Македонците не успеале да му парираат на посилниот противник, па во 64. минута Шереш со својот втор гол зголемил на 3:1, што на крајот бил и конечен резултат.

За Македонија на овој историски натпревар настапиле: Муарем Рустемов; Стојан Богоевски, Слободан Видовиќ, Микале Мартиновски, Благоја Петровски, Цветан Давидовски, Адамовски (името непознато), Јане Јаневски, Светозар Атанацковиќ, Тодор Балевски и Драган Геров. Тренер бил легендарниот Илеш Шпиц.

Јане Јаневски, стрелец на првиот гол за репрезентацијата на Македонија

Војводина била во силен состав: Чикош; Матејиќ, Вирџил Попеску, Ѓакочевиќ, Станојевиќ, Лазар Живковиќ, Стеван Каранфиловиќ, Бела Палфи (играл за Југославија на Мундијалот 1950), Фрања Хирман, Стојан Михајловиќ, Силвестер Шереш. Ги предводел Мило Огњанов.

Судел Херменегилдо Крањц од Загреб.

Војводина потоа во полуфиналето загубила од ЈНА со 4:3, а шампион станала Србија која со 1:0 во големото финале ја совладала ЈНА.

Најдобриот македонски фудбалер во тоа време, Кирил Симоновски-Џина, играл за репрезентацијата на ЈНА, што драстично ја ослабело македонската репрезентација.

реклама

Додатоци во исхраната што треба да ги земате ако имате над 50 години

Read more

Фитнес тренер ги откри најдобрите извори на протеини за слабеење

Read more

Од 10 септември ќе им се промени животот на 4 хороскопски знаци

Read more

Кој победи во дебатата Трамп-Харис?

Read more

Фудбал

Сари: Имам луд сон, да станам тренер на Бока

Read more

Барди од Северна Кореја

Read more

После 38 години Арсенал ќе мора да игра кај Тотенхем во гостинските дресови

Read more

Јунајтед прави чистка: Тен Хаг отпиша тројца играчи

Read more
 

Спорт

Сари: Имам луд сон, да станам тренер на Бока

Читај повеќе
  • play_arrow

Барди од Северна Кореја

Читај повеќе

После 38 години Арсенал ќе мора да игра кај Тотенхем во гостинските дресови

Читај повеќе

Јунајтед прави чистка: Тен Хаг отпиша тројца играчи

Читај повеќе

Маурисио Почетино е нов селектор на САД

Читај повеќе

Следна мета на Астон Мартин е Макс Верстапен

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледаше мајсторијата на Барди гледано од трибини?

Читај повеќе
  • play_arrow

Еми Мартинес не може да си го контролира темпераментот

Читај повеќе
  • play_arrow

Аргентина и Бразил поразени во квалификациите за Светското првенство

Читај повеќе