Кога смее да се намалува зголемената телесна температура?

Во студените денови се зголемува бројот на настинки, воспаленија и на инфекции предизвикани од бактерии и вируси, а неретко истите се проследени со зголемена телесна температура.

Тоа е една здрава и природна реакција на нашиот организам, односно нашата највисока вродена заштита од бактерии и вируси. Затоа треба да бидеме внимателни кога станува збор за намалувањето на зголемената температура.

Германското медицинско списание Apotheken Umschau потсетува дека зголемената телесна температура може да се спушта кога ќе мине 38,5 степени Целзиусови.

Степенот на грозница не укажува на сериозност на ситуацијата. Самата последица на благо зголемување на температурата би било забрзување на метаболизмот, а тоа помага во борбата против воспаленијата и инфекциите.

Високата температура е состојба кога телесната температура ќе порасне над вообичаениот распон. Таа се разликува од човек до човек. На температура која е над 39 степени Целзиусови микробите не можат да се размножуваат. Способноста на организмот да развива високи температури укажува често на виталност и на силен организам.

Кај високата телесна температура метаболичните процеси се забрзуваат за 5 до 8 пати, се зголемува и производството на интерферони кои спречуваат развој на вируси, а количината на железо во плазмата се намалува и тоа е важно за спречување на растот на бактериите. Исто така се зголемува делувањето и подвижноста на белите крвни зрнца кои потоа ги уништуваат микробите.

Кога станува збор за благо зголемена температура, не поголема од 37,8 степени докторите никогаш не препорачуваат лекови за спуштање бидејќи на тој начин болеста, која е причина за температурата, може да се пролонгира.

Вирусите кои предизвикуваат настинки и останати респиратори инфекции напредуваат на нормална телесна температура, додека со предизвикувањето на благо зголемување на температурата организмот веројатно сака да го елиминира вирусот.

Високата телесна температура најчесто се симнува со лекови, а исто така помага и ставањето облоги, како и туширањето со млака вода.

Докторска помош задолжително се бара кога температурата ќе достигне до 40 степени и не се спушта без лекови ни по 3 дена, а е проследена со чувство на силна исцрпеност.

реклама

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе