Кои играчи треба да си ги променат позициите за да блеснат?
Имаат талент, квалитет, предиспозиции, но на зелениот терен никако да заиграат како што се очекува. Многу веројатно е дека овие играчи играат на погрешна позиција.
Не еднаш се случило играч со години да игра на погрешна позиција пред конечно на некој тренер да му текне да го проба на нова и да му ја смени кариерата на позитивно. Ова видео открива 11 играчи на кои очигледно им е потребна промена.
Еден успешен пример е нашиот Езџан Алиоски кој додека беше во Лугано играше лев бек, а кога дојде Здењек Земан веднаш увиде дека Џани е за крило по што играчот блесна.