Кои им се заеднички карактеристики на лошите шефови?

Авторката Брижит Хајасинт сподели список со 10 особини, од кои, според нејзиното мислење, секој лош шеф има барем по една.

„Мојата поранешна менаџерка еднаш ми рече: 'Ако потонам, ќе те повлечам и тебе со мене'. Тоа го рече во врска со лошите квартални резултати. Оттогаш веќе не ѝ обрнував внимание. Тешко е да се одржи страста за работата откако шефот еднаш ќе се 'смали' во вашите очи, а оттука натаму може да биде само полошо“, напиша таа.

Нејзината објава наскоро стана вирална онлајн, а многу корисници на социјалните мрежи пишуваат дека препознале некои од карактеристиките на листата на Брижит кај нивните шефови.

Еве ја нејзината листа:

Микроменаџирање

Најголемиот непријател на креативноста и иновативноста на работното место. Ја уништува довербата, а вработените се чувствуваат притеснети и како некој да ги гуши. Ако веќе сте ангажирале некого, оставете го да ја заврши својата работа.

Субверзија кон вработените

Ова е добро позната ситуација кога шефот повеќе се фокусира на слабостите на работникот отколку на неговите јаки страни. Тие веројатно водат список со сите грешки што ги направиле вработените. Слично на тоа, таквите луѓе никогаш не вработуваат луѓе кои се попаметни или поспособни од нив затоа што сакаат лесно да ја задржат својата позиција.

Имаат омилен вработен

Вработуваат и туркаат напред погрешни луѓе, оние од нивните кругови. Секогаш ги наградуваат истите вработени. Ако некој од нивните подредени им се спротивстави, веднаш добиваат стигма на лош тимски играч.

Ги присвојуваат туѓите заслуги

Лошите шефови ќе сторат апсолутно сè за да се претстават себеси добри и успешни, па затоа ќе ги украдат туѓите добри идеи и ќе ги претстават како да се нивни. Нивниот главен приоритет е да напредуваат, без разлика на тоа кој ќе настрада во процесот.

Даваат лажни ветувања

Ветуваат сѐ и сешто само да го убедат работникот да прифати некоја работа или задача. Речиси никогаш не го исполнуваат ветувањето и ќе најдат секакви начини да најдат маана за да се извлечат од давањето пофалба, унапредување или покачување на платата.

Не слушаат

Или не ве слушаат воопшто, или сакаат да слушнат само добри вести и потврдни одговори, нема трето. Разликата во ставови и размислувања ја доживуваат лично и како напад, па вработените со тек на време усвојуваат впечаток дека не треба да го кажуваат своето мислење, дури и кога се работи за нивните права или подобро работење на компанијата.

Не ги бранат своите вработени

Лошите шефови ги обвинуваат своите вработени за сè лошо што се случува, од незадоволителни резултати до грешки. Многу е демотивирачки да се работи за шеф кој не стои зад неговиот тим, а подредените се чувствуваат многу несигурно во тој случај.

Преголеми очекувања/затрупување на работниците со обврски

Лошите шефови не го слават успехот, сметаат дека тоа е губење време. Ништо никогаш не е доволно добро за нив. Тие не се грижат за вработените и им доделуваат премногу обврски и работни задачи.

„Откачуваат“ кога работите не одат како што сакаат тие

Имаат слаба емоционална интелигенција и вработените учат дека мораат да се оддалечат од нив кога не се добро расположени. Лошите шефови ги навредуваат работниците и честопати ги расплакуваат. Се потпираат на страв и заплашување како методи на работа, а вработените се под стрес кога треба да разговараат со нив и за најобични теми поврзани со работата.

Не можат да ја скријат сопствената неспособност

Лошите шефови ја префрлаат својата работа на подредените кои тоа го прават со леснотија. Најчесто ја сфаќаат својата позиција како нешто што се зема здраво за готово, а не како нешто што треба да се заслужи. Тие не знаат како да дадат јасни упатства или коментари. Најчесто е свесни дека се неспособни и прават сѐ за да ги омаловажат подредените и да ги обесхрабрат да одат нагоре и да напредуваат.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Читај повеќе

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Читај повеќе

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Читај повеќе