Кои навики докажано ви го забавуваат метаболизмот?

А.С.
/ 26.07.2023 / 15:53

Метаболизмот е процес со кој нашето тело ги претвора храната и пијалаците што ги консумираме во енергија.

За време на овој процес, калориите во храната и пијалоците се мешаат со кислород за да се создаде енергијата што му е потребна на телото, па дури и во мирување му е потребна енергија.

Според WebMD, има одредени работи кои докажано го забавуваат нашиот метаболизам, а некои од нив ги правиме секој ден. И тоа сосема несвесно.

Недостаток на физичка активност

Како што покажаа бројни претходни студии, физичката активност има многу големо влијание врз брзината на нашиот метаболизам. Редовното вежбање, како и градењето мускулна маса, може да го поттикне метаболизмот и да ја зголеми потрошувачката на калории кога ќе завршиме со одредена активност, а недостатокот на физичка активност во повеќето случаи резултира со забавен метаболизам.

Држење строги диети

Како слабееме е многу важно кога се обидуваме да изгубиме тежина. Ако не јадеме доволно, нашиот метаболизам се забавува, предупредуваат диететичарите, а строгите диети, особено ако вежбаме заедно со нив, го „учат“ нашето тело како да се задоволи со помалку калории отколку што треба. Тоа може да предизвика контраефект бидејќи во тој случај нашето тело уште посилно се врзува за овие калории, што дополнително го успорува метаболизмот, но и нè спречува да ослабеме.

Неправилна исхрана

Храната што ја консумираме исто така има големо влијание врз состојбата на нашиот метаболизам. На пример, прекумерното внесување на рафиниран шеќер може да влијае на зголемувањето на телесната тежина и да го забави метаболизмот. Дополнително, слични последици има и кога станува збор за консумирање прекумерни количини на заситени масти од храната, како и за внесување на алкохолни пијалоци.

Тагови
реклама

Фит

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе