УЕФА ЕУРО 2020

Кои се најдобрите 11 кои се изоставени од списоците за ЕУРО?

Серхио Рамос е главната увезда која ќе го пропушти Европското првенство, но има уште многу други одлични фудбалери кои не се најдоа на списоците на нивните селектори.

Иако УЕФА дозволи 26 наместо 23 фудбалери да бидат пријавени, за овие играчи немаше место ниту на тој продолжен список. Не ги сметаме играчите кои се повредени, како Златан Ибрахимовиќ, и поради тоа не се опција за своите селектори, туку само оние кои можат да играат, но не се повикани.

Кепа Арисабалага

Најскапиот голман на сите времиња нема да биде ниту резерва кај Шпанија. Очекувано, со оглед на тоа што е резерва и во својот клуб Челси.

Дајо Упамекано

Само што потпиша за минхенски Баерн за 42,5 милиони евра, важи за еден од најнадежните централни бекови, но за Дидје Дешан тоа не е доволно. Упамекано наместо на ЕУРО настапи на континенталниот собир за играчи до 21 година.

Серхио Рамос

Капитенот на Реал Мадрид се мачеше со повреди годинава, едвај заигра, па селекторот Луис Енрике одлучи дека не е подготвен за настап на турнирот.

Свен Ботман

Холанѓанецот брилјираше сезонава во дефанзивата кај Лил, одигра огромна улога во освојувањето на титулата на сметка на ПСЖ, но за Франк де Бур очигледно тоа и не е некакво достигнување.

Ханс Хатебур

Уште еден во немилост на Де Бур. Десниот бек на Аталанта одигра нова одлична сезона, но имаше повреда при крајот после која не е во препознатливата форма. Де Бур одлучи да не ризикува.

Едуардо Камавинга

Најмладиот стрелец за Франција во последните 107 години, 18-годишниот Камавинга, ќе го гледа ЕУРО на ТВ. Така одлучи Дешан.

Сандро Тонали

Роберто Манчини направи репрезентативец од Тонали уште во 2018, пред овој да дебитира во Серија А. Но, Тонали не се снајде во Милан, па оттаму изостана и патувањето на континенталниот собир.

Тео Ернандес

Левиот латерален бек е во фантастична форма за Милан, но тоа не е доволно за францускиот селектот. Неговиот сонародник Ајмерик Лапорт одлучи да ја откачи Франција и да настапува за Шпанија, токму поради игнорирањето од Дешан, а Тео сега веројатно жали што не ги следеше неговите стапки.

Јулиан Дракслер

Иако ПСЖ му понуди нов договор, Дракслер сезонава само 18 пати беше стартер, што е доволна причина за него да нема место во германскиот состав.

Моис Кин

Сите ги изненади изоставувањето на напаѓачот на ПСЖ, во составеност на Евертон, од италијанскиот список. Манчини смета дека покрај Белоти и Имобиле не му е потребен брзоногиот натурализиран Италијанец.

Марко Асенсио

Лошата форма го чинеше Марко Асенсио место во шпанскиот чартер за ЕУРО. Човекот кој во 2018 година одигра дури 12 натпревари за репрезентацијата, сега ќе ги бодри репрезентативните колеги крај малите екрани.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе