Кој е Олександр Сирски, новиот врховен командант на украинската армија?

Генерал-полковник Олександар Сирски, кој ги предводеше копнените сили на Украина од 2019 година, беше унапреден во врховен командант на вооружените сили на земјата, на местото на Валериј Залужни.

Сирски, пишува Reuters, е една од клучните фигури во Украина од почетокот на руската инвазија.

Рани години     

Сирски е роден во јули 1965 година во рускиот регион Владимир, кој тогаш беше дел од Советскиот Сојуз.

Тој живее во Украина од 80-тите.

Како и многу луѓе на негова возраст во украинските вооружени сили, студирал во Москва.

Дипломирал во 1986 година и служел пет години во Советскиот артилериски корпус. Некои воени аналитичари веруваат дека неговата тактика на бојното поле ја одразува неговата советска обука.

Снежен леопард

Сирски стана началник на украинската копнена армија во 2019 година. Тој претходно командуваше со украинските трупи кои се борат против бунтовниците поддржани од Москва во источните делови на Доњецк и Луганск. Тогаш го добил военото име „Снежен леопард“.

Најголеми победи

Сирски ги надгледуваше некои од најголемите победи на Украина за време на конфликтот.

Тој ја предводеше успешната одбрана на главниот град Киев во првите месеци од војната, а во април 2022 година беше прогласен за Херој на Украина, што е највисока чест на земјата.

Во јули 2022 година, Сирски планираше и изврши молскавична контраофанзива која ги оддалечи руските трупи од Харков и повторно зазеде делови од копно на исток и југоисток.

Бахмут

На почетокот на минатата година, Сирски ја предводеше украинската одбрана на источниот град Бахмут.

Некои воени аналитичари се прашуваа дали борбата за разурнат град вреди толку многу мртви и ранети.

Сирски рече дека упорната одбрана на Бахмут од страна на Украина им наштети на севкупните воени напори на Русија со поразување на група платеници Вагнер.

Армиски морал

Сирски вели дека негов приоритет е моралот на неговите војници, кои ги посетува на фронтот.

Тој за западните медиуми изјави дека спие четири и пол часа навечер, а следниот ден се релаксира во теретана. Сирски е оженет и има два сина.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе