Кои и да се причините, неверството во каква било форма не е во ред. Ако сметате дека партнерот со кој сте моментално во врска не е најдобриот избор за вас или не ви го пружа она што ви треба, „стиснете заби“ и раскинете, наместо да го повредувате и него и себе.
Повеќето брачни терапевти и експерти за врски ги интересира која е најчестата причина за неверство, а едно најново истражување дава одговор на тоа прашање.
Истражувањето спроведено на 495 испитаници, чии резултати беа објавени во The Journal of Sex Research, покажа дека главна причина за неверство не е љубопитноста, ниту незаситната желба за секс, туку недостатокот на љубов и внимание во врската.
Дури 80% од испитаниците изјавиле дека главна причина за неверство им било чувството на запоставеност од партнерот.
Според списанието Women's Health, жените најчесто изневеруваат бидејќи не се чувствуваат сакано или не чувствуваат емотивна стабилност во врската.
Исто така и кај мажите причината за неверство е недостатокот на физички допир, разменување нежности и чувството на посакуваност и стабилност.
Но, ако сепак помислите на неверство, а сметате дека уште има надеж за врската, попаметно и поздраво е да седнете и да разговарате со партнерот за вашите проблеми и да откриете дали можете да ги надминете и да ја продлабочите врската.