Која е разликата меѓу социопат и психопат?

Луѓето на кои психологијата и нејзините гранки не им се професија, честопати ги мешаат термините социопат и психопат. А разлика има, и тоа значително голема.

Она што им е заедничко и на социопатите и на психопатите е недостигот на емпатија, непочитувањето на правила (а некогаш и закони), не ги интересираат правата на другите, имаат тенденција да бидат насилни и никогаш не чувствуваат вина за нешто што направиле.

Тогаш, кои се разликите меѓу нив?

„Социопатите спаѓаат под дијагноза ‘антисоцијални пореметувања на личноста’ (ASPD)“, вели професорот по психијатрија, доктор Доналд Блек.

„Луѓето кои имаат ASPD се упорни лажговци, немаат никаква претстава за тоа што е погрешно и имаат изразена ароганција.“

И психопатите ги имаат овие карактеристики, но исто така се егоцентрични и емоционално многу плитки. Сепак, најважната разлика меѓу социопатите и психопатите е што кога си имате работа со психопат, главно немате поим дека се психопати – а токму тоа ги прави уште поопасни.

„Психопатите се вешти манипулатори“, вели психологот Елизабет Ломбардо. „Тоа се личности кои ќе ви делат комплименти, ќе направат да се чувствувате добро, ќе ви ги кажат сите работи кои сакате да ги чуете, сѐ додека не сфатите дека ви крадат пари или коваат некој план против законот, против вас или против некој друг.“

Се случува луѓе да стапат во брак со личност која е психопат, а да немаат ни најмал сомнеж за тоа, што најдобро зборува за нивната вештина за манипулирање и придобивање на довербата на другите.

Како да ги идентификувате?

„Кога имате интеракција со психопат, ако го изнервирате тој ќе може да ‘искулира’, но социопатите не. Тие лесно се нервираат ако нешто не излезе како што тие си замислиле, а понекогаш во тој бес стануваат и агресивни. Не можат да се ‘соберат’ и имаат силни емотивни испади’, вели Ломбардо.

Социопатите не се толку ладнокрвни како психопатите, па овие првите може да ги „фатите“ кога нешто „матат“, а за вторите речиси никогаш не може да се претпостави кои се нивните намери.

Ако веќе имате социопат во вашето опкружување, ќе ги забележите по уште неколку карактеристики: не се вклопуваат во ниту едно друштво и тешко им е да задржат работно место.

Психопатите се многу поразлични – тоа се луѓе кои неретко успеваат да изградат богати кариери, лесно се допадливи и како што рековме, се вистински мајстори за манипулирање за да го добијат тоа што го сакаат.

Психопатските и социопатските карактерни црти се јавуваат во различни нивоа а така, некои од овие луѓе се крадци и ситни измамници, а други може да бидат убијци.

Без разлика на нивото на „сериозност“ на овие црти, овие луѓе може да бидат опасни, поради што е паметно да се оддалечите од луѓето кај кои ќе препознаете некои од овие карактеристики, како и да се обратите до стручно лице.

Remote video URL
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Здравје

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

10 најздрави сирења, според нутриционистите

Read more

Дали знаете што е витамин N? Многу е веројатно дека сте во дефицит, како и повеќето луѓе

Read more

Витаминска бомба против пролетен умор

Read more
 

Магазин

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Читај повеќе

Венера влезе во Бик – љубовен ураган до 23 мај

Читај повеќе

Кога треба да пешачите за да слабеете?

Читај повеќе

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Читај повеќе

10 најздрави сирења, според нутриционистите

Читај повеќе

Дали знаете што е витамин N? Многу е веројатно дека сте во дефицит, како и повеќето луѓе

Читај повеќе
  • play_arrow

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Читај повеќе

Како да се ослободите од непријатните мириси во фрижидерот?

Читај повеќе

Витаминска бомба против пролетен умор

Читај повеќе