Која е жената што се крие зад познатиот Rosie the Riveter постер?

Постерот „Rosie the Riveter“, со пораката „We Can Do It!“, прикажува американска работничка во фабрика, кој требало да ги охрабри жените да се вработат за време на Втората светска војна, кога мажите биле на боиштата.

Во 1942 година, нешто чудно - и речиси скандалозно - се случило во воздухопловната база Аламида. Од безбедносни причини, командантот на базата им наредил на сите работнички кои работат на машините да носат панталони.

Во тоа време жените облечени во панталони биле толку необична глетка што бил испратен фоторепортер од новинската агенција Acme да ја документира сцената. Фоторепортерот ја фотографирал тогаш 20-годишната Наоми Паркер Фрејли, која, како и многу жени за време на Втората светска војна, се вработила во воената индустрија за да помогне во воените напори. На црно-белата фотографија објавена во летото 1942 година Фрејли позира како жена фокусирана на работа, облечена како за работа во фабрика, со марама околу главата, и со коментарот: „Работната облека не ја направи Наоми Паркер помалку атрактивна“.

Фотографијата го инспирирала уметникот Џеј Хауард Милер да го создаде еден од најпознатите американски билборди „Rosie the Riveter“. Тоа била персонификација на женската моќ од тоа време и симбол на женското движење.

Меѓутоа, за Фрејли, кој почина на 20 јануари 2018 година на 96-годишна возраст, речиси никој никогаш не слушнал.

Долго време се веруваше дека Rosie the Riveter е Џералдин Хоф Дојл, една од работничките од тогашните фабрики за оружје во Мичиген. Дојл тврдела дека тоа е нејзина фотографија кога ја видела во магазинот Modern Maturity во 1984 година. По нејзината смрт било утврдено дека е невозможно да е таа бидејќи во времето кога била направена фотографијата Дојл била средношколка.

Дека Дојл не е на фотографијата прв пат се посомневале кога Наоми Паркер Фрејли, тогаш веќе 85-годишна витална старица, во 2009 година со нејзината сестра Ада Вин Лој, за време на посетата на Националниот историски парк во Ричмонд, каде што има споменик на жените кои за време на војната работеле за воената индустрија, се видела себеси на фотографијата која одамна ја заборавила. „Не знам“, прокоментирала потоа, „дали повеќе се изненадив кога ја видов таа стара фотографија или кога, малку подоцна, сфатив дека пишува дека има друга жена на фотографијата“. Фотографијата била истакната веднаш до познатиот постер, со објаснување дека послужила како инспирација.

За таа приказна се заинтересирал кустосот на меморијалниот центар, а Наоми Паркер, враќајќи се дома, пронашла и му испратила исечена фотографија од весник.

Потоа со фотографијата се позанимавале и на Универзитетот Сетон Хол во Њу Џерси. Професорот Џејмс Кимбл истражувал која е Рози и заклучил дека тоа е Наоми Паркер Фрејли.

Наоми по војната ја напуштила воздухопловната база и се вработила како келнерка во ресторан во Палм Спрингс. Наскоро и се омажила.

„На жените во оваа земја во ова време им требаат идоли. Среќна сум ако и јас сум една од нив“, изјави таа за списанието People во 2016 година.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Живот

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе