Која храна треба да ја јадеме често за природно зајакнување на имунитетот?

Правилната и урамнотежена исхрана влијае на целокупното здравје, а одредени намирници ја поддржуваат работата на имунитетот со своите хранливи материи, кои се неопходни за одбрана од разни болести.

Диететичарката Натали Ризо издвои неколку од најдобрите намирници кои треба често да ги јадеме, токму затоа што природно влијаат и ја поддржуваат работата на имунитетот.

Овошјето и зеленчукот се претежно на нејзината листа, но диететичарката ги издвои и намирниците како јајца и екстра девственото маслиново масло.

Храната што таа ја издвои е богата со витамини и други хранливи материи кои му помагаат на телото да се бори против инфекции, вируси и болести.

Подолу се дадени неколку од најдобрите намирници кои, според Рицо, треба често да ги додаваме во менито.

Црвена пиперка

Според диететичарката, црвената пиперка е најдобриот зеленчук за зајакнување на имунитетот.

„Црвената пиперка е суперхрана богата со витамините Ц, А и Б, што значи дека има тројна моќ за зајакнување на имунитетот“, истакнува таа.

Додава дека црвените пиперки се одличен избор за оброк бидејќи може да се јадат сирови, варени или печени, што значи дека може да се комбинираат во различни јадења.

Портокали

Портокалите се познати по тоа што се богати со витамин Ц, па не е изненадување што се наоѓаат на листата на намирници кои го зајакнуваат имунитетот. Сепак, диететичарката посочува дека при конзумирањето на портокалите треба да се има на ум една важна работа.

„Ова овошје е преполно со витамин Ц и други хранливи материи, но погрижете се да го јадете целосно, а не само како сок. Ќе внесете повеќе витамини во вашето тело ако го изедете портокалот, а не само да го исцедите“, вели Ризо.

Јајца

Како уште една корисна храна, диететичарката ги издвои јајцата. Истакнува дека јајцата се одлична храна за природно зголемување на витаминот Д без изложување на сонце. Оние кои консумираат доволно витамин Д се разболуваат поретко, а јајцата содржат голема количина на овој витамин кој го зајакнува имунитетот, особено жолчките кои не смеете да ги избегнувате да ги јадете“, истакнува таа.

Екстра девствено маслиново масло

Маслиновото масло е централна состојка на медитеранската исхрана, позната и како најдобрата диета во светот.

Богато е со полинезаситени масни киселини, што го прави добар извор за секој кој внимава на холестерол или сака да се храни здраво за своето срце. Ризо додава дека јадењето маслиново масло помага и „да се спречи деменција и да се зајакне имунитетот“, пренесува New York Post.

Спанаќ

„Спанаќот содржи витамини А и К, како и фолна киселина, железо, магнезиум и антиоксиданси кои го прават моќен зеленчук“, истакнува Ризо.

Таа тврди дека спанаќот треба да се јаде често, а може да се комбинира во појадок, салати, како прилог за време на ручекот или вечерата. Според диететичарката, спанаќот е „храна што треба да ја јадете неколку пати неделно“.

Тагови
реклама

Четири хороскопски знаци во кои се раѓаат најголемите хипохондрици во Зодијакот

Read more

Citroën 2CV би можел да се врати како ретро градски автомобил

Read more

Објавена листата на десетте најубави супермодели во светот според златниот пресек

Read more

Фондот оштетен за 8,7 милиони денари од измама со ортопедски помагала

Read more

Здравје

Очите се одличен показател за здравјето, можат да укажат на бројни болести

Read more

Пет работи што треба да ги направите за подобро ниво на шеќер во крвта

Read more

Што се случува со телото ако ги исфрлите млечните производи од исхраната?

Read more

Клучот за намалување на ризикот од рак на дебелото црево е во вашиот фрижидер

Read more
 

Магазин

Хороскопски знаци кои не можат да функционираат како пар

Читај повеќе
  • filter

Објавена листата на десетте најубави супермодели во светот според златниот пресек

Читај повеќе

Четири хороскопски знаци во кои се раѓаат најголемите хипохондрици во Зодијакот

Читај повеќе

Како викањето на децата влијае на нивната иднина: Води до проблеми во зрелоста

Читај повеќе

Што сѐ треба да знаете пред да пуштите водоводџија во вашиот дом?

Читај повеќе

Зошто мачките толку многу сакаат картонски кутии?

Читај повеќе

Ново истражување: Може ли минералната вода да помогне при слабеење?

Читај повеќе
  • play_arrow

Ретка снимка од Меланија Трамп како зборува словенечки стана вирална

Читај повеќе

Рецепт за кроштула - традиционален хрватски десерт

Читај повеќе