Цените на барел нафта на меѓународните пазари се искачија над 88 долари, што секако води до нови цени на горивата и во Европа од почетокот на 2023 година.

Сегашните цени на горивата во Европа малку се разликуваат од цените на крајот на минатата година, поточно во декември 2022 година.
Според официјалните податоци, во Европа најскапо е горивото во Исланд и Норвешка, каде цените се над 2 евра за литар. Најевтиното гориво ќе го најдете во Русија, по цена од само 0,696 евра.
Цената на горивата во БиХ (1,485 евра за литар) е речиси идентична со цената на горивата во Србија (1,492 евра), додека цената на горивата во Хрватска е нешто пониска (1,340).
Во Грција е 1,857 евра за литар, а во Бугарија 1,302 евра за литар.
На мапата објавена на Klix.ba нема споредбени податоци за Македонија, но според податоците објавени вчера од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, има зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,47 % во однос на одлуката од 20.1.2023 година.
Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ не се смени.
Малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-95“, на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 0,50 денари/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,228 денари/кг и сега изнесува 41,042 денар/кг.
Од вчера на полноќ, максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:
Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 83,00 (денари/литар)
Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 85,00 (денари/литар)
Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 84,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 83,50 (денари/литар)
„Мазут М-1 НС“ – 41,042 (денар/килограм).