Колку губење коса е нормално? Шест знаци дека губите премногу коса

Опаѓањето на косата е нормална појава - дневно губиме од 50 до 100 влакна. Меѓутоа, кога ова не е нормално? Кога да се грижите и да се јавите на лекар?

Циклусот на раст на косата се состои од три фази - раст (анагенска фаза), крај на растот и подготовка за одмор (катагенска фаза) и одмор (телогенска фаза), по што косата се одвојува од коренот и опаѓа. Како што опаѓа косата, растат нови, а во оваа фаза, во нормални околности, околу 14% од влакната се на главата.

Меѓутоа, поради повеќе причини, често се грижиме дека косата ни опаѓа прекумерно, а тоа е особено засилено по избувнувањето на пандемијата на коронавирус, бидејќи е откриено дека мината инфекција често остава последици во форма на губење на косата.

Некои показатели се сосема очигледни, а некои не, но доколку сте забележале нешто од оваа листа, не би било лошо да посетите лекар.

Едноминутен тест

Истражување објавено во 2008 година во медицинското списание JAMA Dermatology презентираше лесен начин да откриеме дали губиме повеќе коса отколку што треба. Сè што треба да направите е да ја фрлите косата напред, да ја исчешлате од вратот до предниот дел и да изброите колку коса паднала за една минута. Ако најдете околу 10 влакна, тоа е нормално.

Кожата на скалпот ви е видлива

Во зависност од вашата природна текстура на косата, дел од кожата на скалпот секогаш може да се види, па обично може да се забележи секое прекумерно опаѓање на косата. Обрнете внимание на темето и редовно следете за какви било промени.

Наутро наоѓате многу влакна на перницата

Пронаоѓањето влакна на перницата обично не е симптом на прекумерно опаѓање на косата, но ако во последно време има повеќе влакна - тоа може (но не мора) да биде причина за загриженост.

Кога ќе поминете со прсти низ косата, ви остануваат влакна

Чешлањето на заплеткана коса обично завршува со повеќе влакна од вообичаено на четката, но ако поминувањето со прстите низ веќе исчешланата коса оди со дополнително губење, закажете состанок со лекар за да ве упати на дополнителна анализа.

Патецот е поширок од порано

Покрај тоа што е пресуден за фризурата, изгледот на патецот е многу важен показател за состојбата на косата. Доколку забележите дека не е богат како порано, туку дека се шири, тоа може да биде симптом на здравствен проблем.

Репчето ви е потенко

Дури и кога не забележувате ништо од горенаведеното, репчето може да ја открие вистинската состојба на вашата коса. Ако често носите репче и забележувате дека е помалку бујно и богато од порано, тоа може да биде знак дека нешто не е во ред.

Тагови
реклама

Кружен ток не е за секој

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Се буди вулканскиот масив на Камчатка

Read more

49 пациенти кои оделе на дијализа починале како последица од COVID-19

Read more

Живот

Терапевт истакна особина што ги открива токсичните татковци

Read more

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Read more

Јагодите брзо ви скапуваат? Со една состојка ќе останат свежи до 3 недели

Read more

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Терапевт истакна особина што ги открива токсичните татковци

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ролат со спанаќ и лосос

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Читај повеќе

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Читај повеќе

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Читај повеќе

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Читај повеќе

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Читај повеќе
  • play_arrow

Кружен ток не е за секој

Читај повеќе

Епизода на Jackass се снимала во Скопје?

Читај повеќе