Губењето на вишокот килограми е секогаш популарна тема во текот на летните месеци, а добрата вест е дека со пливањето, кое е една од омилените активности во лето, можеме да согориме калории и да ослабеме.

Според Shape, пливањето е активност која придонесува за здравјето на многу начини, од зајакнување на здравјето на срцето до градење мускули, а исто така може да ви помогне да изгубите тежина побрзо.
Но, колку калории всушност можеме да согориме со пливање? Како што објаснува тренерот и триатлонец Рошел Бакстер, пливањето во слободен стил согорува во просек 700 калории на час активност, што е еден од најефикасните стилови на пливање.
Градно согорува околу 700 калории, додека грбното согорува нешто помалку, односно 500 калории за еден час пливање. Делфин е стил на пливање што бара најмногу вложена сила во однос на интензитетот, а со него можеме да согориме и до 800 калории.
Бакстер исто така нагласува дека точниот број на калории што ќе ги согориме со пливање во голема мера зависи од интензитетот на пливањето, нашата телесна тежина и метаболизмот. Имено, ако човек е потежок, ќе согорува повеќе калории бидејќи неговото тело треба да се потруди да придвижи поголема маса. Исто така, луѓето кои имаат изградено мускули ќе согоруваат повеќе калории бидејќи на мускулните клетки им е потребна повеќе енергија.