Колку милиони евра годишно нѐ чинат општинските советници?

Скопје, 13 јануари 2021 (МИА) – Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) денеска ги објави истражувањето и базата на податоци на месечните паушали што им се исплаќаат на општинските советници и претседателите на советите на општините.

Фото: Кајгана
Фото: КАЈГАНА

Како што посочува ЦГК, вкупната годишна сума што им се исплаќа на 1.319 советници и претседатели на совети изнесува повеќе од 215 милиони денари или нешто над 3,5 милиони евра.

„Висината на месечниот надомест зависи од бројот на жители во општината и е определен како процент од просечната плата во земјава. Претседателите добиваат 30 посто повисок паушал од советниците. Услов за да се исплати паушалот е во месецот да биде одржана барем една седница“, наведуваат од ЦУГ.

Најголем месечен паушал од една просечна плата од 24.000 денари, според податоците, добиваат советниците на Град Скопје, но тие одржуваат и најмногу седници во текот на месецот. Од другите општини, додаваат од ЦУГ, највисоко платени се советниците во Кичево кои земаат 19.000 денари месечно, а најмалку платени се советниците во Вевчани кои земаат малку помалку од 5.000 денари месечно. Само 12 општини исплаќаат понизок месечен надомест од законскиот максимум, а 15 општини одат дури и над тој лимит.

Најмногу седници годишно одржува Град Скопје – лани 27, а најмалку –шест - одржале во Центар Жупа. Просечно, општинските совети одржувале по 15 седници годишно.

„Ова истражување се реализира во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста“, се вели во соопштението.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе