Се сеќавате ли на Ice bucket challenge? Еве на што се потрошени собраните милиони.
Пред 5 години се појави виралниот тренд наречен Ice Bucket challenge, чија цел беше да се прошири свеста за болеста амиотрофична латерална склероза. Милиони луѓе се полеваа со студена вода, вклучувајќи и познати личности.
Како и останатите вирални трендови, и на овој му помина модата, а грижата за собирање пари ја презеде некој друг.
Како што знаете, идејата беше да се полеете со студена вода и да предизвикате некој да го направи истото во наредните 24h.
Идејата најпрво беше замислена како казна за оние што не донираат, а приказната се претвори во хит затоа што дел од луѓето не знаеја за што станува збор. Едноставно сакаа да видат како познатите личности се полеваат со кофа студена вода.
Но, зад сето ова стои хумана цел, за да се соберат пари за болните лица.
Повеќе од 17 милиони учествуваа во акцијата, меѓу нив се Бил Гејтс, Опра, Тејлор Свифт и многу други.
Луѓето кои учествуваа во предизвикот собраа 115 милиони долари за АЛС.
Во рок од пет години потрошени се 80 милиони долари за истражувања, со цел да се продолжи животот на луѓето кои боледуваат од АЛС.
Остатокот од парите е потрошен на инвалидски колички и помагала.