Колку треба да пешачите за да слабеете?

Секој избира различен начин да биде активен. Некој ќе трча, друг ќе се зафати со спорт, трет ќе оди во теретана, а некој, пак, ќе ги проба сите можни диети. Но, и долгите прошетки се покажале како мошне ефективни во намалувањето на килограмите.

Главните фактори кои влијаат на ефективноста на пешачењето се далечината, брзината и тежината, а најдобри резултати се постигнуваат со дисциплина и здрава дневна рутина.

Не е лошо да си инталирате и некоја апликација која мери чекори и ќе ви препорача број на чекори за ефективно топење на мастите.

Просечната математика вели дека околу 2000 чекори чинат 1,5 км и согоруваат близу 100 калории. За намалување на еден килограм се потребни околѕ 7000 калории односно 112 км пешачење, а тоа пак во превод изнесува 140.000 чекори.

Никој нема толку време ниту сила да изоди 112 км наеднаш, но може да се обиде да го продолжи времето на секојдневното движење.

На почеток е доволно да пешачите до работа доколку не е екстремно далеку за да возите автомобил, заменете го лифтот со скалите, испешачете до училиштето на вашето дете или приуштете му подолги прошетки на вашиот миленик.

За да сето ова не ви биде премногу досадно повикајте пријател на прошетка или пешачете и разговарајте со вашиот партнер, а ако сте сами пуштете си музика, истажувајте непознати места и уживајте.

Со цел да ја адаптирате брзината на пешачењето како би трошеле повеќе калории потрудете се да постигнете 70 чекори во минута.

Започнете со километража која ви одговара и не го преоптоварувајте вашето тело. Секогаш кога ќе се заморите наместо да застанете намалете го темпото на пешачење, а кога ќе се чувствувате подговени зголемете ги далечината и брзина. На овој начин постепено ќе развиете мускулна меморија и ќе воведете дневна рутина која е мошне корисна за вашето здравје и расположение.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фит

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Read more

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе