Колку треба да возите велосипед за да слабеете и да го забрзате метаболизмот?

А.С.
/ 15.09.2022 / 17:39

Доколку цело лето избегнувате да возите велосипед поради жештините, добро време е повторно да го „изнесете“ надвор вашиот миленик на две тркала. Возењето велосипед е одлично и за физичкото и за менталното здравје, а да не зборуваме дека велосипедот е најмалку загадувачко превозно средство.

„Една од најважните придобивки од оваа аеробна активност е позитивното влијание врз срцето и крвотокот. Додека возите велосипед, голем број мускулни групи се вклучени во циклични движења, додека циркулаторниот и респираторниот систем се постојано под стрес. Го намалува ризикот од најчестите болести денес: болести на крвотокот, дијабетес, помага во борбата против стресот и депресијата. Истражувањата покажаа дека умереното возење велосипед три пати неделно го намалува крвниот притисок и нивото на холестерол во крвта, а со тоа значително го намалува ризикот од срцеви заболувања, а исто така е корисно и за превенција од остеопороза.

Возењето велосипед ги зајакнува и обликува мускулите на нозете и задникот, се зајакнуваат и стомачните и грбните мускули кои го поддржуваат 'рбетот. Мускулите се во состојба на мало истегнување поради навалувањето на телото нанапред. Истовремената координација на рацете и нозете ја подобрува координацијата, додека подолгите растојанија ја градат вашата издржливост и кондиција.

За разлика од трчањето, додека се вози велосипед нема стрес на зглобовите на нозете, колената и 'рбетот (а се намалува ризикот од повреди предизвикани од прекумерен напор.

Прочитајте уште неколку причини зошто треба да возите велосипед секој ден.

Го доведува метаболизмот во рамнотежа

Возењето велосипед помага во регулирање на телесната тежина, согорување на калории и слабеење и го балансира метаболизмот. Побрзото и понапорно возење особено придонесува за губење на тежината. Експертите препорачуваат да возите велосипед по 50 минути секој ден доколку сакате да изгубите тежина и да го забрзате метаболизмот. Со текот на времето, можете да го забрзате темпото на возење и/или да барате поспецифични велосипедски тури.

Возењето велосипед релаксира и го намалува стресот

Возењето велосипед ја намалува напнатоста, го зголемува лачењето на ендорфинските хормони кои влијаат на доброто расположение. Го подига нивото на енергија за 20% и го намалува количеството на акумулиран замор за 65% бидејќи го стимулира мозокот да лачи хормон поврзан со количината на енергија - допамин. Возењето велосипед е здраво и ги прави луѓето среќни - штом еднаш ќе го пробате, тешко е да одлучите дали да се вратите во автобус или автомобил!

Возењето велосипед придонесува за развојот на градот

Возењето велосипед 25 минути на ден наместо возење автомобил ја намалува емисијата на јаглерод диоксид за 165 килограми годишно. Важни се и финансиските трошоци за набавка и одржување на велосипеди и паркинг.

реклама

Хајди Клум ги прекрши сите правила на Канскиот филмски фестивал

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Read more

Од полноќ нова цена на дизелот

Read more

Фит

Нова студија нуди ефикасен метод за слабеење без гладување

Read more

Што се случува во телото ако вежбате седум дена во неделата?

Read more

Исфрлањето на алкохолот може ефикасно да помогне во топењето на салото на стомакот

Read more

Колку протеини треба да внесувате за да слабеете?

Read more
 

Магазин

Бесплатни апликациии за следење на партнерот

Читај повеќе

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Читај повеќе
  • play_arrow

За што може да ви забранат да се качите во авион?

Читај повеќе

Како може да ја намалите анксиозноста кај вашето куче?

Читај повеќе

Нов тип дијабетес: Од него боледуваат најмалку 20 милиони луѓе

Читај повеќе

Виенски шницли со сос од печурки

Читај повеќе
  • play_arrow

Најчести грешки при пролетното чистење на домот

Читај повеќе

Кои се најчестите измами што ги прават туристичките агенции?

Читај повеќе
  • filter

Енди Мекдауел одржа лекција по стил на Кански филмски фестивал

Читај повеќе