Комедијата „King Of Staten Island“ конечно доби трејлер

Филмското студио Universal го објави првиот и најверојатно единствен трејлер за „The King of Staten Island“ на режисерот Џад Апатау, само 11 дена откако соопшти дек филмот ќе има премиера на 12 јуни, но не во кината, туку преку PVOD.

Во текот на неговата плодна кариера, Апатау ги лансираше филмските кариери на низа надежни комедијантски таленти како Стив Карел, Сет Роген, Џона Хил, Џејсон Сигел, Кристен Виг, Ејми Шумер и Кумаил Нанџијани.

Сега работеше со младиот Пит Дејвидсон, кој влезе во фокусот на пошироката јавност благодарение на Saturday Night Live, во комедијата за љубовта, загубата и смеата во Стетон Ајленд.

Дејвидсон го игра Скот, кој се соочува со проблеми по смртта на татко му, пожарникар кој починал на должност кога тој имал седум години. Сега скот има 24 години и е далеку од остварувањето на сонот – да стане тату артист. Неговата амбициозна помлада сестра (Мод Апатау) заминува на колеџ и тој останува да живее со мајка му, медицинска сестра која е уморна од животот и работата (Мариса Томеи). Деновите ги поминува пушејќи марихуана, дружејќи се со неговите другари Оскар (Рики Велез), Игр (Мојсес Аријас) и Ричи (Лу Вилсон) и тајно се гледа со неговата другарка од детството Келси (Бел Паули).

Но, кога мајка му ќе почне да се гледа со пожарникарот Реј (Бил Бар), тоа придвижува низа настани кои ќе го натераат Скот да се соочи со загубата и тагата и да ги направи првите чекори кон тоа да преземе контрола врз својот живот.

Remote video URL

Комедиите со големи имиња порано се сметаа за гарантиран успех во киносалите, а ѕвездата на „The King of Staten“ Дејвидсон ужива огромна популарност кај младата публика. Но, пандемијата смени сѐ, па сега сите надежи се вложени во онлајн стримувањето што ќе чини 20 долари за достапност од 48 часа.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Филм & ТВ

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе