Комисија за заштита од дискриминација: 100% повеќе претставки, а буџетот ограничен

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација минатата година добила двојно повеќе претставки во однос на 2022 година.

Денеска Комисијата го презентира извештајот за работењето во 2023 година, кој бележи тренд на зголемување на бројот на претставките.

„Годинава, Комисијата работеше на 523 претставки, што е повеќе од 100 отсто зголемување во однос на претходната година. Тоа, веројатно, говори дека Комисијата добива видливост, дека граѓаните се поинформирани во однос на тоа каде треба да ја пријават дискриминацијата и дека институцијата добива уште повеќе доверба. Забележуваме тренд на повторување на истите области од дискриминацијата од претходната година, па така медиумите, јавното информирање, работниот однос, образованиот процес и пристапот до образованите услуги и во 2023 година, исто како и во 2022 година, остануваат најчести области во кои се пријавува дискриминација“, рече претседателот на Комисијата, Игор Јадровски.

Во споредба со 2022 година, се забележува тренд на намалување на дискриминација врз национална и етничка припадност, меѓутоа пораст на оние случаи на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.

И покрај зголемениот обем на работа, Јадровски нагласи дека се соочиле со истите предизвици на кои се жалат трета година по ред, односно работат со ограничен буџет и малкумина вработени.

„Апелирам, пред сè, Собранието, кое го гласа буџетот, меѓутоа и другите надлежни институции, да имаат слух за овие предизвици. Комисијата, иако во 2023 година имаше и квантитативно и квалитативно двојно повеќе работа, работевме со намалени човечки капацитети во 2023 година. Комисијата сè уште останува со прилично лимитиран буџет. Сè уште континуирано се прекршува онаа финансиска независност на Комисијата, односно располагањето на буџетот на Комисијата, што директно е во колизија со законската поставеност на Комисијата како независно тело“, вели претседателот на Комисијата, Јадровски.

Во моментот Комисијата го подобрува пристапот до институцијата оти Јадровски вели дека сега се непристапни, а во периодот што следува најави дека ќе настојуваат да бидат поактивни, особено во областа образование, па апелираат да бидат вклучени во работните тела, кои ги подготвуваат стратешките закони.

Комисијата и натаму ќе притиска за вклученост во закони и политики што значат подобрување на принципот на еднаквоста,  унапредување на еднаквоста и заштитата од дискриминација. Во следниот период очекуваат повторно да се активираат процесите за носење на законот за родова еднаквост и измените на законот за матична евиденција во делот за признавање на родот и чекаат Комисијата да биде препознаена како тело што треба да биде вклучено во работните групи.

реклама

Далиќ: Македонија вечерва ќе ја глуми Албанија

Read more

Од полноќ нови цени на бензинот и дизелот

Read more

5 намирници богати со јаглехидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Read more

Хабиб му пријде на Трамп и побара да стави крај на војната во Палестина - доби ветување

Read more

Македонија

Новиот газда на „Еуроникел“ нуди минимални плати, се заканува дека ќе увезе работници од Косово

Read more

По осум круга гласање, сè уште не е избран претседател на Уставен суд

Read more

Филипче се кандидира за претседател на СДСМ

Read more

Од полноќ нови цени на бензинот и дизелот

Read more
 

Вести

Физичка пресметка меѓу вработени во затворот „Идризово“

Читај повеќе

Новиот газда на „Еуроникел“ нуди минимални плати, се заканува дека ќе увезе работници од Косово

Читај повеќе

По осум круга гласање, сè уште не е избран претседател на Уставен суд

Читај повеќе

Филипче се кандидира за претседател на СДСМ

Читај повеќе

Од полноќ нови цени на бензинот и дизелот

Читај повеќе

Зголемени капацитетите на енергија од ветер и сонце во ЕУ

Читај повеќе

Како во Финска драстично се намали бројот на абортуси кај тинејџерките?

Читај повеќе

Киев: Убивме најмногу руски војници за еден ден; Русите: Ние уште повеќе Украинци

Читај повеќе

Профитот на авиокомпаниите во 2023 година ги надмина предпандемиските нивоа

Читај повеќе