ASUS го претстави ROG Ally X новиот рачен гејминг компјутер

Тајванската компанија ASUS официјално го претстави ROG Ally X, својот најнов рачен компјутер за игрици.

Уште на почетокот треба да се каже дека не е наследник на минатогодишниот модел ROG Ally, туку всушност поскапа верзија која носи подобрувања кои ги „поправаат“ недостатоците на оригиналниот модел.

За почеток, најголемото подобрување е поголема батерија. ASUS се префрли од батерија од 40 Wh што се користи во ROG Allly на батерија од 80 Wh вградена во новиот модел. Сè уште нема информации за траењето на батеријата, но нема да биде чудо ако може да трае двојно повеќе.

Remote video URL

Исто така, ROG Ally X доаѓа со 1 TB PCIe NBME SSD меморија во споредба со 512 GB на оригиналниот модел. Исто така, станува збор за дискови со вообичена големина M.2 2280, кои би требало да ја направат надградбата поевтина и полесна. Дополнително, Ally X доби 24 GB од 7500 Mhz LPDDR5 RAM, повеќе од претходните 16 GB од 6400 MHz LPDDR5 RAM меморија. Ова значи дека графичкиот процесор може да користи повеќе меморија без да се „бори“ за тоа со оперативниот систем и другите апликации.

ASUS направи неколку измени и во внатрешниот систем за ладење. ROG Ally X користи нови вентилатори, кои се потенки, но и 10% поефикасни кога станува збор за протокот на воздух. Новиот дизајн исто така го турка воздухот кон екранот и го лади за време на играњето. Компанијата го премести слотот за microSD, кој порано знаеше да се расипе на оригиналниот модел поради неговата близина до издувниот отвор.

Куќиштето исто така е редизајнирано, иако на прв поглед може да изгледа доста слично. Доби понежни кривини во споредба со поострите агли на оригиналот, а рачките се подлабоки за побезбедно и поудобно држење. Променета е и положбата на џојстикот, а за полесна традиција се прилагодени и контролите. Исто така, џојстиците се надградени за да обезбедат подобри повратни информации и да имаат подолг животен век. D-pad е редизајниран и сега е помалку „леплив“ при вршење на кружни движења. Сензорот за отпечатоци е на врвот и е „засечен“ за полесно да се најде. Конечно, копчињата за назад се смалени за да се избегнат случајни притискања.

Во однос на поврзувањето, ROG Ally X ја замени комбинацијата USB-C + ROG XG Mobile Interface конектор за две USB-C порти, од кои едната е Thunderbolt 4, а другата USB 3.2 Gen 2. Конечно, цената на овие промени е зголемување на тежината за 69 грама на вкупно 678 грама.

Она што не е променето е Ryzen Z1 Extreme процесорот, како и 7-инчниот IPS LCD екран со резолуција од 1.080p и стапка на освежување од 120Hz со технологијата AMD FreeSync Premium. Звучниците се исти, како и безжичното поврзување. Пакетот вклучува и полнач од 65 W, а софтверот е надграден со нова верзија на ASUS Amoury Crate SE (која доаѓа и на оригиналниот модел), но сепак се користи Windows 11 Home.

Генерално, ROG Ally X се чувствува како голем чекор напред од првиот и покрај тоа што не е вистински наследник. Преднарачки веќе се примаат, а ROG Ally X доаѓа во црна боја за само 799 долари со тримесечна претплата на Game Pass.

Тагови
реклама

6 симптоми дека имате дефицит на витамин Д во вашето тело

Read more

Како со диетата 80/20 може да слабеете додека ја јадете вашата омилена храна?

Read more

Грција во сè поголеми проблеми поради масовниот туризам

Read more

Ново правило за користење на плажите во Грција менува сè, казни до 60.000 евра

Read more

Гејминг

Нова студија открива: Дали видео игриците се добри или лоши за менталното здравје?

Read more

Call of Duty: Black Ops 6 ги враќа гејмерите во 90-тите

Read more

ASUS го претстави ROG Ally X новиот рачен гејминг компјутер

Read more

Футуристичка столица што е сон на секој гејмер

Read more
 

Гик

  • filter

21 јуни 1816 – Рене Ленек го претставил првиот стетоскоп

Читај повеќе

Microsoft повторно е највредната компанија во светот

Читај повеќе
  • filter

Откриен потонат брод стар 3.300 години, со стотици недопрени амфори

Читај повеќе

Илон Маск: Во иднината нема да има телефони

Читај повеќе

Астрономите за прв пат посведочија будење на црна дупка

Читај повеќе

Apple најави голема промена за iOS 18

Читај повеќе

Google предупредува: Не паѓајте на оваа измама!

Читај повеќе

Apple го прекина развојот на Vision Pro 2, догодина ќе претстави подостапен модел

Читај повеќе

Научниците открија илјадници тони замрзната вода на Марс

Читај повеќе