Комисијата за заразни болести предлага угостителските објекти да се затвораат во 18 часот

Комисијата за заразни болести ќе препорача до Владата нов пакет рестриктивни мерки за период од 18 декември до 21 јануари, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од COVID-19 во претстојниот период на празници, соопшти Министерството за здравство.

– Препораките за рестриктивни мерки се насочени во неколку сегменти и тоа во делот на реорганизација на работното време на угостителите, препораки за јавни собири, препораки до верските заедници, до работните организации и препораки кои се однесуваат на работата на рестораните во хотелските објекти, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Препораката до Владата ќе биде угостителските објекти да се затвораат во 18 часот, наместо до 21 часот како што беше досега.

Останува на сила забраната за собири на јавни места и се апелира до единиците за локална самоуправа да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка. Во престојниот период Комисијата за заразни болести препорачува забрана за групирање по плоштади за пречек и прослава на Новата година, како и секаков вид собири во периодот на празниците.

Комисијата ќе достави и препорака за групирање во станови за претстојните празници, а ќе препорача и хотелите да ги затворат своите ресторани по 21 часот.

 

Во однос на верските празници, Комисијата за заразни болести укажува на тоа дека на сила е забраната за собири надвор на отворено на повеќе од четири лица, додека внатре во објектите на сила е препораката максималниот број на лица да е не повеќе од 30 проценти од капацитетот и сите лица да се со маски.

Предлог на Комисијата е да се забранат секакви прослави во рамките на работните организации.

– Апелираме и препорачуваме да нема домашни собири за претстојните празници и да не се излегува од дома по 18 часот доколку за тоа нема потреба,  вели министерот Филипче.

Препораките ќе бидат доставени до Владата во текот на денешниот ден со препорака да стапат на сила од 18 декември и да важат до 21 јануари.

На денешната седница на Комисијата за заразни болести беа присутни и претставници на Независната угостителска комора кои го изразија несогласувањето со новиот пакет мерки што се однесува на реорганизација на работното време на угоститетелските објекти и доставија до Комисијата нивни предлози, стои во соопштението. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе