Комити: Дајте му на Вардар да игра во Европа

Навивачката група на најтрофејниот македонски фудбалски клуб се огласи апелирајќи на својот миленик да му биде дозволено да ги продолжи натпреварувањата и да добие лиценца за настап во Европа.

Сезоната во 1.МФЛ ќе продолжи, но Вардар дури и да стане шампион веројатно и ова лето ќе остане без евро настап. Минатата година поради долгови не доби лиценца за настап во фудбалска Европа, а како стојат работите тешко дека тоа сега ќе се промени.

Комитите се одѕваа преку својот Facebook профил каде преку соопштение бараат нивниот тим да не ја доживее истата судбина,

„Играме на најубав и најмодерен стадион на Балканот!
Тренираме на најубавиот и најмодерниот тренинг камп на Балканот!
Имаме најперспективни играчи и најлојални борци. Големи и квалитетни како луѓе, со срца планини! Нив ги предводи докажан вардарец и македонист, Маршал Генералисимус по ранк...
Имаме црвено-црна навивачка армија, која мотивирана може да го наполни Запад до врв! Имаме сѐ што треба за да ја претставиме Македонија во Европа во најдобро светло!
Дајте ни да играме, за да славиме титула!
Дајте ни да навиваме, за да се испразниме емотивно, но исполниме душевно!
Дајте ни лиценца, да нѐ види и чуе Европа!
За вас тоа е можеби малку и незначително, во реалноста тоа е нормално и задолжително, но за нас е воздухот кој го дишеме!
#ЦрвеноЦрниДоКоска #ЕденЖивотЕднаЉубов“, стои во објавата на комитите.

реклама

Фудбал

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Read more

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more
 

Спорт

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе