Компаниите од енергетскиот сектор објавија рекорден приход

Поради зголемувањето на цената нафтата, компаниите ExxonMobil, Chevron и Shell оствариле заработка од 46 милијарди долари во вториот квартал.

Еден од ретките сектори кој моментално се движи во нагорна линија е енергетиката. Енергетската криза тешко ја погоди Европа, но затоа компаниите вклучени во производството на нафта и природен гас, како што се Chevron и Exxon, апсолутно ја користат ситуацијата. Овие фирми пријавија рекордна заработка во вториот квартал од оваа 2022 година, односно за месеците јули, август и септември. Според аналитичарите, се очекува во наредните пет години овој сектор да порасне за 11%.

Пазарните услови за компаниите во овој сектор се одлични, и додека повеќето акции годинава паѓаат, акциите на Chevron пораснаа за 44%, додека на Exxon за неверојатни 69,8%.

Ембаргото воведено од ЕУ за руската нафта поради војната во Украина, покрај одлуките за намалување на увозот на руски природен гас, ѝ кумуваше на енергетската криза. ОПЕК+, на чело со Саудиска Арабија и Русија, на својот состанок од почетокот на месецов одлучи да го намали производството за два милиона барела дневно. Намалувањето предизвика изненадување на пазарот и го разлути американскиот претседател Џо Бајден, кој се надеваше на пониски цени на нафтата воочи изборите во првата половина на ноември.

Меѓутоа, овој потег ги одушеви енергетските компании кои имаат голема корист од цената на нафтата. ExxonMobil, Chevron и Shell оствариле 46 милијарди долари заработка во вториот квартал, па така овие три комапнии поставија нови рекорди кога станува збор за кварталната зарботка. Додека трговците се загрижени за рецесијата, никој не е загрижен за финансиската состојба на енергетските компании.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе