Континуирано намалување на новозаболени со COVID-19 во државава

Додека процентот на новозаболени од COVID-19 во повеќе држави од Европската Унија се зголемува, Северна Македонија и дел од земјите во Западен Балкан бележат намалување на заразени со коронавирусот.

Институтот за јавно здравје објави дека минатата недела во однос на претходната, забележано е намалување од 17,3 отсто заболени од COVID-19, а заклучно со вчерашниот ден вакцинирани се 828.770 граѓани. ИЈЗ, минатата недела регистрирал 2.275 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, а процентот на позитивност се движи од 7,8 отсто до 19 отсто, просечно 13,1 отсто.

Од направени се 2.744 тестирања во текот на вчерашниот ден, регистрирани се 375 нови случаи на COVID-19, а девет лица починале од вирусот. Регистрирани сe 507 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Во Скопје регистрирани најмногу, односно 180 позитивни на Ковид, а најмалку, по еден, во Неготино, Крушево и Пехчево.

Од починатите, три лица се од Скопје (87г, 78г и 62г) и по еден починат од Кавадарци (60г), Струга (83г), Струмица (72г), Кочани (59г), Штип (73г) и Свети Николе (86г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.775, бројот на оздравени пациенти е 204.474, на починати е 7.674, а бројот на активни случаи изнесува 5.627.

Регионалниот директор на СЗО за Еврпа Ханс Клуге вчера информираше дека еден од десет луѓе во европскиот регион на СЗО ќе биде заразен со COVID-19 до крајот на оваа недела. Тој рече дека миниатиот месец предупредиле дека до почетокот на 2022 година би можеле да бидат загубени уште половина милион животи доколку не преземеме итни мерки.

-Помина еден месец и починаа уште 120.000 луѓе, а во регионот има уште 10 милиони случаи на COVID-19. До крајот на оваа недела, секој десетти човек во европскиот регион ќе биде заразен со COVID-19, што ќе биде потврдено со лабораториски тестови, порача Клуге.

Нагласи дека со наближувањето на крајот на годината и сезоната на празници, смртните случаи регистрирани од COVID-19 достигнаа високо ниво од околу 4.100 смртни случаи дневно, што е двојно повеќе од 2.100 смртни случаи на ден од пред два месеца. Пред само две недели, вкупниот број на смртни случаи од COVID-19 во 53 земји во регионот надмина 1,5 милион.

Откако главниот советник на американскиот претседател за пандемијата, инфектологот д-р Ентони Фаучи, вчера изјави дека иако има брзо ширење на омикрон сојот на коронавирусот и дека првите индикации покажуваат дека тој е помалку опасен од делта сојот, британскиот производител на лекови Glaxo Smith Kline соопшти дека неговиот лек „Сотровимаб“ односно терапија против COVID-19 заснована на антитела, е ефикасна против сите мутации во новата варијанта на коронавирус – омикрон.

Резултатите од студијата, кои допрва треба да бидат разгледани и објавени во рецензирани медицински списанија, сугерираат дека третманот со Сотровимаб е ефикасен против сите 37 мутации досега идентификувани на шилестиот протеин.

Друг претклинички резултат од истражување спроведено минатата недела покажа дека лекот делува против клучните мутации во варијантата омикрон.

Сотровимаб беше дизајниран да се врзува за шилестиот протеин на површината на коронавирусот, но беше откриено дека омикрон има невообичаено голем број мутации во тој протеин.

Омикрон сојот на коронавирусот, кај нас засега не е регистриран ниту еден случај. Сè уште доминантен останува делта сојот, како кај нас, така и во државите од регионот. Во меѓувреме, надлежните повикуваат на помасовна вакцинација, која претставува единствениот реален излез од пандемијата.

Новиот сој омикрон вчера за првпат беше потврден на Балканот. Поточно, станува збор за двајца пациенти од Хрватска кои се инфицирале со новиот сој, а притоа не престојувале во Јужна Африка, но биле на состаноци на кои имало гости од странство.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе