Контрапротест во Франција: „White Lives Matter“
Под слоганот „Правда за жртвите на анти-белиот расизам: #БелитеЖивотиСеВажни“ група Французи упаднаа на протестот за поддршка на американските демонстрации „Black Lives Matter“.
Протест и контрапротест во Париз. Илјадници се собраа на антирасистички демонстрации во саботата во Градот на светлината, а мала група на борци за правда на белото население истакна огромен банер на една од околните згради.
Демонстрантите го исвиркаа банерот на кој стоеше пораката „Justice pour les victimes du racisme anti-blanc: #WhiteLivesMatters“ односно „Правда за жртвите на анти-белиот расизам: #БелитеЖивотиСеВажни“. Жителите на зградата од своите прозорци и балкони го кинеа платното на банерот.
Во Франција најмногу жртви од криминал има кај белото население, а предизвикани од имигрантите од Африка. Токму тоа и беше причината на ваквиот упад.