УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Контроверзниот аут пред голот на Де Брујне: Не спиеше ВАР, туку судијата

Голот со кој Манчестер Сити израмни на конечни 1:1 кај Реал во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите предизвика големи контроверзии и негодување кај играчите, тренерите и навивачите на Реал.

Се чудат зошто ВАР не се вклучи и не му сугерираше на судијата да го поништи голот.

Очигледно е дека пред голот на Кевин Де Брујне, неговиот соиграч Бернарду Силва ја испрати топката во аут, но потоа таа беше вратена преку линијата во поле. Тоа го потврди и снимка од преносот на телевизијата beIN, според која, топката излегла од игра пред оваа акција. Судијата Артур Диаш тогаш не досуди аут, па малку подоцна Де Брујне постигна гол откако играчот на Реал, Камавинга, ја загуби топката.

Со обработка на снимката од натпреварот, beIN дошол до заклучок дека топката е надвор и дека пред акцијата кон голот на Манчестер Сити требало да биде досуден аут. Сепак, судискиот експерт на Marca, Павел Фернандес, објасни зошто ВАР не требало да се вклучи:

Beinsports claim the ball went out before De Bruyne's goal
by u/independent-pigeon in soccer

„Бидејќи во акцијата за голот на Де Брујне, Реал ја зеде топката откако таа излезе во аут кој не беше досуден. Потоа ја загуби, односно Сити ја зеде и постигна гол од вториот напад. Значи, дојде до промена на поседот и други дејствија, па ВАР не можеше да се вклучи за настанот што се случи толку долго пред голот“.

УЕФА: Грешка на судијата на теренот, но не и на тој во видеособата

Eurosport пишува дека истото му го потврдиле и извори од УЕФА: „Бернарду Силва ја испрати топката надвор од теренот, но ВАР не смееше да се вмеша во голот на Де Брујне бидејќи веднаш по излезот на топката, ја освои Реал. Така дојде до промена на поседот и нови дејствија“.

Значи, станува збор за грешка на помошниот судија од таа страна, кој не сигнализираше дека е аут, но поради ова ВАР не може да вклучи уште една акција подоцна, односно при голот на Манчестер Сити.

реклама

Фудбал

Случај Свилар: Сака да брани за Белгија, но не може, може да брани за Србија ама не сака

Read more

Шкотската химна среде Скопје ечеше појако од македонската

Read more

Паника во Манчестер Сити: Халанд со приватен авион ја напушти Португалија

Read more

Пјаниќ откри како го надитриле Роналдо за да не изведе клучен слободен удар

Read more

Спорт

Случај Свилар: Сака да брани за Белгија, но не може, може да брани за Србија ама не сака

Читај повеќе
  • play_arrow

Шкотската химна среде Скопје ечеше појако од македонската

Читај повеќе

Паника во Манчестер Сити: Халанд со приватен авион ја напушти Португалија

Читај повеќе

Прескап пех на Расел во Малезија: Титулата е (не)возможна мисија

Читај повеќе
  • play_arrow

Пјаниќ откри како го надитриле Роналдо за да не изведе клучен слободен удар

Читај повеќе

Конте навестува за иднината: Сакам да одам во клуб каде што има притисок

Читај повеќе

Каде исчезна моќната Германија?

Читај повеќе

Жезуш: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Лудница во Малезија: Триумф на Верстапен по 303 дена, блескава трка за Хамилтон, кошмарна за Расел

Читај повеќе