Копнееме за патувања - оптимистичка прогноза дури за 2022 година

Германскиот туристички концерн Touristik Union International (TUI) оваа година и покрај КОРОНА кризата очекува дека состојбата со патувањата ќе се нормализира до лето.

Сепак, според директорот на концернот, Фридрих Јусен, TUI сепак ќе понуди само околу 80 проценти од летовите во споредба со претходните години, со цел да се достигне оптималното пополнување на авионските капацитети.

Во изјава за весникот Rheinische Post, Јусен предупреди дека поради таквата состојба, на некои летови кон Медитеранот авионите брзо ќе бидат поплнети. Тој верува дека Германците ќе потрошат повеќе пари на патувања оваа година, а причината за тоа е што ќе се искористат ваучерите за откажаните патувања од 2020 година.

Исто така, Јусен посочува дека луѓето, како што покажуваат истражувањата, копнеат да патуваат по тешката пандемиска година.

Тој очекува дека започнатата вакцинација наскоро ќе ги отстрани ограничувањата за патување. Според него, TUI има намера годинава да ги врати во функција сите 16 крузери. Јусен сепак е реален дека оптимистичка прогноза ќе има дури за 2022 година кога ќе може да се смета дека туризмот се вратил на нивото од претходните рекордни години како што беше во 2019. Тековната година, според него, ќе биде година на транзиција, бидејќи очекувано слаби ќе бидат првите шест месеци.

Тој е убеден дека бизнисот со годишни одмори ќе закрепне побрзо од другите патувања, вклучувајќи ги и службените патувања.

„Видеоконференциите и понатаму ќе заменуваат одредени разговори, но доживувањата од одмор не може да се заменат со ништо дигитално“, рече тој.

реклама

Животот се менува на подобро за 3 хороскопски знаци до крајот на јуни

Read more

Каде ќе биде најтопло морето во Грција до крајот на јуни?

Read more

Колку време му треба на црниот дроб да се опорави од алкохол?

Read more

Audi го претставува својот прв супер-автомобил со хибриден погон со високи перформанси

Read more

Живот

Животот се менува на подобро за 3 хороскопски знаци до крајот на јуни

Read more

Каде ќе биде најтопло морето во Грција до крајот на јуни?

Read more

Колку е опасно да спиете со вклучен клима-уред?

Read more

Дали ја поттикнувате зависноста од смартфони кај вашите деца?

Read more

Магазин

Како редовното вежбање може да го подобри здравјето на мозокот

Читај повеќе

Како да препознаете знаци на хормонален дисбаланс: Промени што не треба да ги игнорирате

Читај повеќе

Животот се менува на подобро за 3 хороскопски знаци до крајот на јуни

Читај повеќе

Осум знаци дека сте се изгубиле во врската

Читај повеќе

Каде ќе биде најтопло морето во Грција до крајот на јуни?

Читај повеќе

Колку време му треба на црниот дроб да се опорави од алкохол?

Читај повеќе

Што се случува со мозокот навечер ако доцна внесете кофеин?

Читај повеќе

Колку е опасно да спиете со вклучен клима-уред?

Читај повеќе

Дали ја поттикнувате зависноста од смартфони кај вашите деца?

Читај повеќе