Короната предизвикува промени во крвните клетки, ова може да го објасни долгиот ковид

Зошто т.н. долг ковид трае толку долго, односно зошто некои луѓе кои прележале инфекција со коронавирусот сè уште имаат некои симптоми на болеста и месеци по излекувањето?

Според најновото истражување, долгиот ковид може да се должи на фактот дека вирусот предизвикува значителни промени во крвните клетки што може да се забележат дури и неколку месеци по првичната дијагноза.

„Успеавме да откриеме јасни и долготрајни промени во клетките; и за време на акутната инфекција и по нејзиното завршување“, рече биофизичарот Јохен Гак од институтот Макс Планк во Германија.

Гак и неговите колеги ја проучувале крвта на испитаниците користејќи софистициран систем RT-DC кој може да анализира стотици крвни клетки во секунда за да провери дали има необични промени во големината и структурата на крвните клетки на испитаниците, пишува Science Alert.

Најголеми промени кај оние со тешки симптоми

Тие ја анализирале крвта на 55 лица: 17 пациенти со тешки симптоми на kovid (од кои половина, за жал, починале), 14 пациенти кои ја прележале инфекцијата со коронавирус и 24 доброволци кои не биле заразени со COVID-19. Преку 4 милиони крвни клетки поминаа низ системот RT-DC.

Резултатите покажаа дека црвените крвни клетки (еритроцити) заболени со COVID-19 се доста различни од оние на здравите субјекти и покажуваат знаци на нефлексибилност во физичката структура, што може да влијае на нивната способност да испорачуваат кислород.

„Физичките својства на еритроцитите се клучни за микроциркулаторниот проток и како такви, овие промени можат да ја ослабнат циркулацијата и да промовираат хипоксемија“, објаснуваат научниците.

„Овој синдром може да опстане кај пациенти со долг ковид по завршувањето на активната инфекција. Кај оние кои го прележале ковидот и немаа симптоми на болеста, промените во фенотипот не беа толку изразени, но сепак беа присутни“, додаваат тие.

Промени во белите крвни клетки

Спротивно на тоа, лимфоцитите (бели крвни клетки) кај оние со тешки симптоми на COVID-19 беа помалку флексибилни, додека моноцитите (исто така бели крвни клетки) беа значително поголеми отколку во клетките на контролната група. Неутрофилите, друг вид на бели крвни клетки, имале бројни промени и повеќекратни деформитети кај пациентите со коронавирус.

Интересно, неутрофилите имаат многу краток век на траење; само еден ден, но промените во неутрофилите кај пациенти со ковид сè уште може да се видат неколку месеци по инфекцијата; што укажува на тоа дека инфекцијата со коронавирус може да има траен ефект врз имунолошкиот систем.

„Додека некои од овие промени се вратија во нормалните вредности по хоспитализацијата, другите опстојуваа со месеци по отпуштањето од болницата, доказ за долгорочното влијание на COVID-19 врз нашето тело“, наведуваат научниците.

„Постојаните промени во еритроцитите и неутрофилите може да бидат поврзани со долгорочни симптоми на ковид кај пациентите, од кои 70% имале хронична главоболка или невролошки симптоми, 54% нарушувања во концентрацијата и 62% проблеми со циркулацијата и тахикардија. Ние претпоставивме дека трајни промени во физичките фенотипови на крвните клетки може да придонесат за долгорочно оштетување на циркулацијата и испорака на кислород, што е поврзано со ковид“, додаваат експертите.

Студијата Physical phenotype of blood cells is altered in COVID-19 е објавена во журналот Biophysical Journal.

Тагови
реклама

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе