Коронавирус во Англија: Сами во карантин или платете 10.000 фунти казна

Одбивањето да се самоизолирате по наредба на властите од денеска е нелегално во Англија, а казната што ќе ја платите во спротивно е 10.000 фунти.

Секој кој ќе добие позитивен тест на COVID-19 или му било кажано дека бил во контакт со позитивен случај, сега е законски обврзан да се самоизолира во карантин.

Ваквата одлука следи откако студија што ја нарача Владата покажа дека само 18% од луѓето кои имале симптоми оделе во самоизолација.

URL

Во меѓувреме, Владата вети дека ќе обезбеди непрекината набавка на заштитна опрема за работниците во „првата борбена линија“ за во текот на зимата.

Четиримесечните залихи на основна заштитна опрема како маски, визири и одела, ќе бидат достапни од ноември, соопшти Министерството за здравство.

Почнувајќи од денеска, казниво со закон е секое непостапување по решение за самоизолација, со парични казни од 1.000 до 10.000 фунти за оние кои во неколку наврати нема да се самоизолираат или ќе направат потешки прекршувања.

Секој со симптоми на COVID-19 или позитивен тест мора да се изолира на 10 дена, а луѓето кои живеат во исто домаќинство со нив или кои биле контакти на регистриран позитивен случај мора да се самоизолираат 14 дена.

Студијата покажа дека најчестата причина зошто луѓето не се самоизолираат е бидејќи нема кој друг да им пазари, а втората е бидејќи почувствувале подобрување на здравствената состојба.

Мажите и младите луѓе се со повисок ризик да не ги почитуваат мерките за самоизолација, покажа студијата.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе