СЕРИЈА А 2019/20

Коронавирус во Италија: Јуве - Интер пред празен стадион?

Владата на Италија размислува да изрече наредба сите спортски натпреварите во наредните 7 денови да се играат зад затворени врати.

Најголемото италијанско дерби е закажано за в недела вечер од 20.45 часот во Торино, но ширењето на корона вирусот во северните делови на Италија веројатно ќе му направат проблем.

Италијанската Влада викендов издаде наредба во регионите Ломбардија, Пиемонт и Венето да не се одржуваат спортски настани поради безбедносни мерки за публиката, односно споречување на епидемија. Натпреварот на Интер со Сампдорија во Милано беше меѓу одложените, а тоа веќе прави проблем во згуснатиот календар на „Нераѕурите“ кои настапуваат на три фронта: Серија А, Копа Италија и Лига Европа.

Одложување на натпреварите и наредниот викенд ќе предизвика хаос во Серија А бидејќи сезоната и онака мора порано да заврши поради Европското првенство. „Натпреварите мора да се играат“, ѝ порачаа челниците на Серија А на Владата на премиерот Џузепе Конте. Поради тоа, италијанската Влада размислува да дозволи одржување на спортски настани, но само без присуство на публика. Од синоќа министерот за спорт Винченцо Спадафора состави работна група која треба да го реши проблемот со спортските натпревари во Италија.

Со оглед на ситуацијата во северните области каде постојано расте бројот на заразени со вирусот Covid-19, голема е веројатноста популарното Дерби д'Италија да се игра пред празен стадион, зад затворени врати.

Тоа нема да биде убава глетка, еден таков натпревар да се игра без расположената италијанска публика, но вонредните здравствени околности во моментов се далеку поважни од калчото.

Натпреварот дефинитивно ќе се игра в недела на „Алијанц“ стадионот во Торино, но со или без публика допрва ќе биде официјално одлучено.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more
 

Спорт

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе