Ковачевски-Вучиќ: Евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан е од политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски во Охрид го пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, при што посакувајќи му добредојде и успешни разговори ја потврди важноста која земјава ја придава на одржувањето на овој состанок на високо ниво меѓу Белград и Приштина, посветен на нормализација на односите.

Како што соопшти владината Прес-служба, Ковачевски го поздрави учеството на Србија на разговорите во Охрид и изрази задоволство дека со посредство на Европската Унија се овозможува отворен дијалог кој е од голема важност за регионалната стабилност и безбедност, а кои ќе се чекор напред кон европскиот пат на регионот.

– Северна Македонија е токму пример за земја која сите отворени прашања со соседите ги решава на мирен и демократски начин, преку дијалог, со цел напредок, подобра иднина и подобар животен стандард за граѓаните. Преку решителни чекори Северна Македонија обезбеди пред сѐ безбедност и континуиран развој, и од заробена и изолирана држава денес е фактор на стабилност во регионот, со развиени и негувани добрососедски односи, се наведува во соопштението.

Двајцата соговрници се согласија дека мирот не само во двете земји туку и во целиот регион е важен, а дијалогот е битен за подобрување на односите.

– Ковачевски и Вучиќ потенцираа дека евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан е од политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ, се додава во соопштението.

Remote video URL
реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Македонија

Ковачевски: Обврска на сите е да го продолжиме патот на државата кон ЕУ

Read more

МВР: Спречено организирано бегство од Идризово, откриен 40-метарски тунел

Read more

Судењето за „Ласкарци“ продолжува на 30 март

Read more

Во затворот Идризово откриен тунел за бегство

Read more
 

Вести

Најубавата плажа на Закинтос годинава ќе биде затворена за туризам

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Обврска на сите е да го продолжиме патот на државата кон ЕУ

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Спречено организирано бегство од Идризово, откриен 40-метарски тунел

Читај повеќе

Судењето за „Ласкарци“ продолжува на 30 март

Читај повеќе

Во затворот Идризово откриен тунел за бегство

Читај повеќе

На скопскиот аеродром запленети над 43 килограми златен накит

Читај повеќе

Секс скандалот му се удри од глава: Дали Доналд Трамп ќе биде уапсен денеска?

Читај повеќе

Вучиќ: Сѐ што кажав ќе спроведеме, а за признавање и членство во ОН или телата на ОН нема ни збор

Читај повеќе
  • play_arrow

Русите се пофалија дека пресретнале американски бомбардери над Балтичко Море

Читај повеќе