Шведска бележи низок процент на заразени и починати за разлика од поголемиот дел од Европа.
Овој скандинавски народ им се спротивстави на советите на научниците и одби карантин за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Не само што шведската економија се опорави побрзо од која било земја во ЕУ туку и најновите податоци покажуваат дека имаат и најмала стапка на починати.
Во Шведска има скоро 1.500 потврдени смртни случаи од ковид на милион луѓе, покажува платформата Our World in Data од Универзитетот во Оксфорд, што е пониско од европскиот просек од 1800 починати на милион луѓе.
Шведска е на 21. место од 31 европска земја со 5 отсто повеќе смртни случаи од март минатата година. Од друга страна, Велика Британија, Италија и Шпанија во текот на пандемијата забележаа 10 проценти повеќе смртни случаи од просекот.
Шведска исто така има низок процент на зараза за разлика од повеќето земји во ЕУ со само 100 позитивни на милион луѓе, додека Австрија бележи 800, Белгија и Ирска 700 и Велика Британија 500 новозаразени на милион.