КОВИД состојба: 19.978 активни случаи и над 26 илјади вакцинирани граѓани

Вакцина против COVID-19 досега примиле 26 014 граѓани, стои на онлајн платформата kovid19vakcinacija.mk на која граѓаните може да се информираат за вакцините, процесот и фазите на вакцинација. На веб страницата vakcinacija.mk за вакцинација се пријавиле 154.248 граѓани.

 

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека вакцинацијата во државата се одвива добро, околу 25.000 граѓани се вакцинирани во салата „Борис Трајковски“, а денеска, како што посочи, завршува вакцинација на вработените во критичната инфраструктура, согласно националниот план.

-Од среда, останатиот дел од 20.000 вакцини на Спутник V, ќе бидат распределени по возрасни групи, рече Филипче.

Тој посочи дека вакцинацијата со останатите вакцини на Спутник V од денеска ќе се одвива исто како што се одвива вакцинацијата од почетокот со вакцината на AstraZeneca по вакциналните пунктови. Министерот Филипче упати апел до сите граѓани да се пријават на сајтот за вакцинација „vakcinacija.mk“, со цел сите податоци на пријавените граѓани влезат во системот „Мој Термин“ и на тој начин да бидат регрутирани.

-Освен овој систем, кој исто така важи е и преку пријавување кај матичните лекари, кои имаат обврска да ги анкетираат своите пациенти, посебно постарите, кои треба да го изразат интересот за вакцинација. Значи од среда вакцинацијата ширум државата продолжува по возрасните категории, како ќе доаѓаат понатаму вакцини, ќе се надополнуваат двата системи, додаде Филипче.

Приоритет имаат постарите граѓани, но продолжуваат и во делот на критичната инфраструктура.

Вакцинирани се целосно сите кои имаат најголем ризик и кои практично учествуваат во менаџирање на кризата од почеток, припадници на МВР, Армијата, вработените во училиштата, односно наставнички од прво до трето одделение, МТСП во делот на градинките, негувателките и воспитувачите, понатаму праводуството, денеска е групата на вработени во Собрание, во техничките служби, а го очекува и интересот од страна на претседателот на Собрание во делот на вакцинација на пратениците.

Вчера во салата „Борис Трајковски“ се вакцинираа околу 600 новинари, и тоа тие од критичната група над 40 години и луѓе кои се со хронични болести. Вакцинацијата беше организирана во соработка со ЗНМ, ССНМ и Министерството за здравство.

Младен Чадиковски од Здружени на новинарите на Мекедонија (ЗНМ) посочи дека се надева оти во следната фаза ќе се вакцинираат и останатите медиумски работници.

Прашан дали бремените жени ќе се вакцинираат, министерот Филипче рече оти сите препораки треба да дојдат од стручниот тим што работи на вакви анализи.

-Сите препораки ќе дојдат од стручниот тим кој што ги работи анализите врз основа на публикација, ако има некоја категорија на граѓани да бидат внимателни, тогаш ќе има таква препорака односно ќе бидат приоретизирани, посебно на една ваква осетлива категорија, а овие денес вакцини кои што ќе дојдат, ќе бидат додадени на сегашниот систем на вакцинирање на граѓаните по возраст, рече Филипче.

Тој појасни дека хронично болните ќе се вакцинираат согласно возрасната група, затоа што има навистина голема бројка и во таа смисла приоритетот се дава според возраста.

-Во секоја возрасна категорија, од 50 години нагоре, па секои пет следни, огромна е бројката на пациенти со хронични заболувања, така да сега продолжуваме по возраст и соодветно по доаѓањето на вакцините ќе се намалува возраста, рече министерот.

За тоа кога ќе се очекува да се вакцинираат работници во маркетите, но и таксистите, Филипче рече дека апсолутно го сфаќа интересот за вакцинирање, но испрати апел сите да бидат трпеливи.

Соопшти дека вчера на состанок на Кризниот штаб како предлог е прифатено да се направи измена на Законот здравствена заштита со која на приватните болници ќе им се ограничи наплатата на финансиски средства за време на кризата што се однесуваат на лекување ковид пациенти. Ваквиот предлог денеска ќе биде поднесен до Владата.

Во врска со нови пратки вакцини, министерот синоќа на својот Facebook профил напиша дека денеска на негово барање се сретнал со кинескиот амбасадор во државава, Џанг Ѕуо со кого разговарале за испораката на вакцините од производителот Sinopharm, односно да се забрза процесот за испорака на 200.000 вакцини, кои според најавите на амбасадата во нашата земја би требало да стигнат до крај на месецов.

 

Денеска на мое барање остварив средба со н.е. Џанг Ѕуо, амбасадор на Народна Република Кина во нашата држава. На...

Posted by Венко Филипче on Monday, April 12, 2021

Во меѓувреме, Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (Гави), како што јави дописникот на МИА од Белград, соопшти дека Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово преку КОВАКС системот во периодот од април до јуни треба да добијат по 100.620 дози од вакцината на Pfizer.

Како што пренесува Радио Слободна Европа, земјите од Западен Балкан првите дози на вакцини против коронавирус преку системот КОВАКС ги добија во средината на март. Северна Македонија доби 24.000 вакцини на AstraZeneca.

Филипче на својот Facebook профил напиша дека 2000 кинески вакцини од производителот Sinopharm вчера пристигнале на аеродомот во Софија и се очекува од таму да бидат транспортирани во земјава. Станува збор за донација од Обединетите Арапски Емирати.

 

2000 кинески вакцини од прозиводителот Синофарм пристигнаа на аеродомот во Софија и до вечер ќе пристигнат во нашата...

Posted by Венко Филипче on Monday, April 12, 2021

Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје за изминати 24 часа, регистрирани се нови 193 случаи со COVID-19, 34 починати и 1.014 оздравени пациенти.

Вкупно 1.735 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во државава од кои 726 во Скопје.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 142.034, бројот на оздравени пациенти е 117.794, на починати е 4.262. Вкупниот број активни случаи во државава изнесува 19.978 од кои 9.324 се во Скопје.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе