Kраделе од паркирани автомобили, стоката ја продавале преку интернет

Двајца скопјани заработија кривични пријави за кражби на територијата на Гази Баба, крадејќи од паркирани возила, соопшти полицијата.

Ш.Д.(33) и А.И.(25)  кривичните дела ги извршиле во периодот од крајот на септември до крајот на октомври минатата година, во вечерните часови на подрачјето на Гази Баба. Притоа, на паркинг простор откако се увериле дека нема да бидат забележани од никого со помош на физичка сила и подесен предмет ги скршиле прозорските стакла од возилата и од нив одзеле лап топ компјутери, парични со пари и лични документи, патна торба со гардероба и избегале.

Со извршувањето на кривичните дела истите се стекнале со противправна имотна корист од околу 104.000 денари.

Пријавените, украдените предмети во повеќе наврати и на разни локации, а најчесто кај ТЦ „Чаирчанка“ ги продавале на  третопријавениот А.Е.Б. кој иако знаел дека предметите потекнуваат од претходно извршени кривични дела, ги купувал од нив, а потоа истите ги огласувал на оглас на „Реклама 5“ за продажба оставајќи го својот телефонски број за контакт. Четвртопријавениот П.П. од А.Е.Б. во неколку наврати купил лап -топ компјутери кои сакал потоа да ги препродаде, а во контакт со него стапил преку телефонскиот број кој бил оставен  за контакт на огласот на „Реклама 5“.

На 12.11.2015 година во ПС ОН „Гази Баба“ бил повикан П.П. и со него бил извршен разговор во кој го објаснил начинот на извршувањето на кривичното дело. На 22 минатиот месец во ПС ОН „Гази Баба“ А.Е.Б. бил приведен и со него бил извршен разговор, во кој истиот го појаснил  начинот на извршување на кривичните дела.

На 23. 01., пак со судска наредба бил извршен претрес во домовите на Ш.Д. и А.Е.Б. На 02.02. во ПС ОН „Гази Баба“ бил приведен  Ш.Д. и со истиот бил извршен разговор, а додека А.И. не е пронајден и по истиот се трага.

Инаку Ш.Д. e познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти, кривични дела против здравјето на луѓето и кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај, за што од страна на СВР Скопје во периодот од 2000-2014 година поднесени му биле 22 кривични пријави. На А.И. во 2010 година од страна на СВР Скопје поднесена му била една кривична пријава од областа на  безбедноста на јавниот сообраќај, а на А.Б.Е. во 2014 година од страна на СВР Скопје поднесена му била една кривична пријава од областа против јавниот ред.

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Хроника

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Read more

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Read more

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: Пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Read more

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Read more
 

Вести

Украинскиот парламент одобри мобилизација на затвореници

Читај повеќе

Вучиќ и Орбан ѝ честитаа на Силјановска Давкова

Читај повеќе

Браќата Тејт добија граѓанска тужба за силување и напад

Читај повеќе

Награден конкурс за книжевни творби инспирирани од творештвото на Франц Кафка

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот зајакна

Читај повеќе

Грета Тунберг казнета поради протестите во Стокхолм

Читај повеќе

Бајден ја запре испораката на оружје за Израел

Читај повеќе

ДНК на малата Данка не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена

Читај повеќе

Зошто растат кириите за домување во Германија?

Читај повеќе