Кога треба да појадувате за да слабеете?

А.С.
/ 09.05.2024 / 09:51

Појадокот често се смета за најважен оброк во денот, а ако е добро избалансиран, може да обезбеди основни хранливи материи и енергија за остатокот од денот.

Сепак, не е важно само што јадеме за појадок, туку и кога го јадеме. Затоа, докторот Мајкл О. Мекини го откри идеалното време кога треба да го јадеме првиот оброк.

„Појадокот во рок од еден час по будењето се совпаѓа со природниот деноноќен ритам на телото, подобрувајќи го метаболизмот и употребата на енергија во текот на денот. Кога го храниме нашето тело рано наутро, тоа го започнува нашиот метаболизам за да не бидеме премногу гладни во текот на денот“, објасни докторот за SheFinds.

Кога појадуваме наутро, нашиот метаболизам започнува со работа, што доведува до поефикасно согорување на калории во текот на денот.

„Исто така, го нормализира шеќерот во крвта, што ја спречува желбата за нездрави грицки подоцна во текот на денот. Понатаму, здравиот појадок составен од протеини и влакна обезбедува континуирано ослободување на енергија потребна за зголемена физичка активност, што доведува до поголемо согорување калории“, вели Мекини.

Тој напоменува дека секојдневното јадење појадок ја намалува зачестеноста на јадењето, додека нè одржува сити и го зајакнува нашиот метаболизам, што помага да се задржат здравите навики и да се намали телесната тежина.

Сепак, Мекини нагласува дека ефектот на појадокот не е само кога го јадеме; нашиот избор на храна за појадок исто така игра значајна улога.

„Треба да јадете балансиран појадок како дел од вашата дневна рутина и да поттикнувате добри навики во исхраната во текот на денот“, заклучи докторот.

реклама

Новости од Ирак: Девојчињата на возраст од 9, момчињата од 15 години ќе можат да се венчаат

Read more

Четири хороскопски знаци во кои се раѓаат најголемите хипохондрици во Зодијакот

Read more

Ретка снимка од Меланија Трамп како зборува словенечки стана вирална

Read more

Citroën 2CV би можел да се врати како ретро градски автомобил

Read more

Фит

Ново истражување: Може ли минералната вода да помогне при слабеење?

Read more

Неколку здравствени придобивки од редовната физичка активност

Read more

Дали е безбедно да трчате на студ?

Read more

Што треба да јадете за повеќе енергија, подобро варење и здраво слабеење?

Read more
 

Магазин

  • filter

Објавена листата на десетте најубави супермодели во светот според златниот пресек

Читај повеќе

Четири хороскопски знаци во кои се раѓаат најголемите хипохондрици во Зодијакот

Читај повеќе

Како викањето на децата влијае на нивната иднина: Води до проблеми во зрелоста

Читај повеќе

Што сѐ треба да знаете пред да пуштите водоводџија во вашиот дом?

Читај повеќе

Зошто мачките толку многу сакаат картонски кутии?

Читај повеќе

Ново истражување: Може ли минералната вода да помогне при слабеење?

Читај повеќе
  • play_arrow

Ретка снимка од Меланија Трамп како зборува словенечки стана вирална

Читај повеќе

Рецепт за кроштула - традиционален хрватски десерт

Читај повеќе
  • play_arrow

Автомобили против 20 тони челик

Читај повеќе