Краткотрајна анестезија не штети во развојот на мозокот на бебето

Примена анестезија за кратка операција не штети во развојот на мозокот на бебето, покажа најново истражување во кое беа вклучени неколку стотици бебиња во седум земји ширум светот.

Иако истражувањето не може да одговори на сите прашања поврзани со безбедноста во врска со повторена или продолжена анестезија, резултатите може барем да им ги олеснат грижите на милиони родители ширум светот чии деца требало да примат анестезија поради вообичаени хируршки зафати.

„Овие резултатите би требало да дадат охрабрување. Еден час под општа анестезија е апсолутно безбедно време за вашето дете во најранливата возраст“, рече доктор Мери Елен Мекен.

Во истражувањето беа вклучени 447 бебиња болни од кила (хернија). На бебињата, главно машки, им била ставана и општа и локална анестезија, наизменично. Бидејќи и двете техники се користат често кога се во прашање хируршки зафати, истражувачите без етички проблеми можеле да го спроведат експериментот.

Тие откриле дека нема цврсти докази за штетно влијание на анестезијата на развојот на мозокот кај децата до две години.

Исто така, на возраст од 5 години децата правеле тестови за мерење на интелигенцијата и просечните оцени и во двете групи биле во рамките на нормалното.

Родителите не пријавиле појава на аутизам или какви било пречки во развојот, говорот или когнитивните способности на децата.

Со оглед на тоа дека 84% од бебињата во истражувањето биле машки, не е познато какви би биле резултатите кога повеќето испитаници би биле женски.

Во истражувањето, бебињата биле под анестезија помалку од еден час. Подолга изложеност на анестезијата би можело да биде поопасно, како и анестезија за повеќекратни операции, рече Мекен.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе