Филм & ТВ

Кристијан Бејл заврши со радикалните филмски трансформации

25. август 2019 - 15:41 | Б.С.Б.

Неверојатните филмски трансформации во краток временски период станаа заштитен знак на 45-годишниот актер Кристијан Бејл, кој повеќе пати досега ја шокираше публиката со неговите физички промени за потребите на филмот.

Тој успеа од анорексичен изглед од само педесетина килограми да дојде до 45 килограми мускулна маса, па имаше повторно губење на тежината за улога, па повторно додавање на 20 килограми. Но, изгледа дека Бејл повеќе нема да прави вакви драстични трансформации.

„Не можам повеќе тоа да го правам. Имав добри искуства, но смртта ме гледа директно во очи“, изјави тој за The Sunday Times.

Коментирај