Кривична за екс директорот на ПИОМ: Не се појавувале на работа, но Дритон Беџети им исплатил 22.525 евра

Поднесена е кривична пријава против поранешниот директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Дритон Беџети, од редовите на партијата Алтернативата, поради сомневање за злоупотреба на службената положба и овластувањето.

Како што информираа од МВР, во периодот од 19 февруари 2022 до 17 март 2023 година, кога тој ја извршувал функцијата, во име на Фондот склучил повеќе договори на дело и договори за извршување самостојна работа со шест лица постапувајќи спротивно на член 25 ст. 1 од Закон за спречување на корупцијата и спротивно на одредбите од членовите во склучените договори.

Директорот и покрај тоа што знаел дека ангажираните лица не ги извршувале доверените работни задачи, предвидени во договорите, а ниту Фондот водел евиденција за редовност, во повеќе наврати извршил исплати на парични средства на трансакциски сметки на физичките лица во вредност што била утврдена во склучените договори.

На тој начин поранешниот директор им овозможил на лицата да стекнат имотна корист во вкупен износ од 1.387.558 денари или 22.525 евра на штета на Фондот за ПИОСМ, односно буџетот на државата.

Тагови
реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Хроника

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Read more

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Read more

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Read more

Kривична за тројца тетовци, меѓу нив и директорот на ПИОМ: Со меѓусебен договор ја изиграле постапката за јавен повик, на сметка на државниот буџет

Read more
 

Вести

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Читај повеќе

Израелски тенкови влегоа во Рафа, стигнаа до станбени области

Читај повеќе

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Читај повеќе

Рој оси нападнаа израелски војници во Газа, некои се со по стотици убоди

Читај повеќе

Метеоролозите најавуваат поројни дождови попладнево и нестабилно време до четврток

Читај повеќе
  • play_arrow

Во Индија падна огромен билборд, загинаа 14 лица

Читај повеќе

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: Порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Читај повеќе

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

Читај повеќе

Американците ќе го кренат во воздух мостот во кој удри огромниот брод

Читај повеќе