Кризен штаб: Во Гостивар нема новозаболени, состојбата под контрола

Во гостиварскиот регион нема нови случаи на заболени од Covid-19, а состојбата во трите општини е под контрола, ваква е оценката на Кризниот штаб во кој покрај претстаавници на институциите, членуваат и градоначалниците на општините Маврово-Ростуше, Врапчиште и Гостивар.

Од почетокот на воведувањето на мерките во Гостивар се тестирани  вкупно 31 лице од кои само едно се покажало позитивно на вирусот. На пациентката денеска ѝ завршува лечењето и по проверките таа ќе биде испишана од инфективното одделение. Во соседните општини нема регистриран случај на заболен. Во Маврово Ростуше во изолација се наоѓаат 135 лица, а во Врапчиште 76. Со истекување на пропишаниот рок за изолација на повеќе лица, во Гостивар до синоќа под полициски надзор се 135 лица.

Според најавите од полицијата, во Маврово во хотелот „Алпина“ се очекува да бидат примени уште 61 граѓанин кои треба да допатуваат во Македонија. Со ова бројката на лица во државните карантини во Маврово ќе достигне 196.

Во текот на изминатото деноноќие забраните за движење не ги почитувале девет лица, а вкупно од воведувањето на мерките приведени се 29. До надлежното обвинителство, поднесени се 20 кривични пријави. Државниот пазарен инспекторат затворил по 130 извршени контроли, затворил 14 угостителски објекти.

По состанокот на кризниот штаб, беше најавено дека мерките за заштита и дезинфекција на територијата на трите општини и натаму ќе се спроведуваат, а поединците и компаниите кои сакаат да донираат храна и други продукти, тоа да го прават во координација со општинскиот Црвен Крст.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе