Кризниот штаб побара полициски час во Гевгелија

Кризниот штаб на Општина Гевгелија на денешната седница, по констатираната влошена епидемиолошка состојба во Општината, побара од Главниот кризен штаб да се воведе полициски час на територијата на Општината во периодот од 21:30 часот до 5 часот наутро секој ден до стабилизирање на состојбата.

Покрај ова, се бара, за територијата на Општината, да се преиспита зголемувањето на пополнетоста на автобусите на 75 отсто и таа да се врати на 50 отсто, како што беше претходно.

Општинскиот кризен штаб на Гевгелија, се наведува, бара враќање на претходните рестриктивни мерки и примена на мерките за заштита од ширење на COVID-19 од страна на општинските и државните интситуции, стопанските капацитети и сите економски оператори.

Од денеска, како што посочуваат од Кризниот штаб, се забрануваат групирања на јавни површини во Општината, во туристичките места Смрдлива Вода и Негорски бањи како и во планинските села Конско, Серменин и Ума.

На ЈПКД „Комуналец“ му е наложено да продолжи со дезинфекцијата на улиците и јавните површини, од надлежните служби, се посочува, се бара да ја засилат контролата во поголемите населени места и да се реактивираат патролните екипи.

Сите членови беа едногласни во донесувањето на денешните заклучоци и мерки. Изминативе два дена во Општина Гевгелија беа регистрирани 77 лица позитивни на COVID-19.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе