Култниот „Watchmen“ пристигнува како нова серија на HBO

Најпознататата графичка новела на сите времиња, „Watchmen“, сега и официјално добива серија на HBO, откако минатата година беше нарачана само пилот епизода. Нејзината премиера се очекува да биде во текот на 2019 година.

Заедно со известувањето дека серијата пристигнува во 2019 година, HBO најави и дел од актерската екипа, меѓу кои е оскаровецот Џереми Ајронс.

Покрај Џереми Ајронс, дел од актерската екипа се и Јахја Абдул-Матин, Аделаиде Клеменс, Френсис Фишер, Дон Џонсон, Тим Блејк Нелсон, Реџина Кинг и многу други. Зад серијата стои Дејмон Линделоф, наградуваниот сценарист кој стана познат по работата на серијата „Lost“, а потоа работеше и на филмовите „Star Trek“ и „World War Z“.

HBO не сакаше да открие околу што ќе се одвива дејството на серијата, туку откри само дека „дејството е сместено во алтернативна историја каде ‘суперхероите’ се третирани како криминалци“. Според најавите, серијата „Watchmen“ ќе ја врати носталгијата за графичката новела од 1986 година, но ќе даде и свој осврт кој полесно би требало да се приспособи кон телевизиските програми во денешно време.

Засега, не се знае како тоа би можело да изгледа. Алан Мур, авторот на „Watchmen“ неколкупати досега изјави дека неговото дело е направено на тој начин што не може да биде екранизирано, бидејќи припаѓа во печатена форма. Досега имаше еден обид вистински да се екранизира „Watchmen“, преку филмот на Зек Снајдер од 2009 година, кој доби мешани критики и брзо беше заборавен.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Филм & ТВ

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе