Утринава на булевар „Октомвриска Револуција“ во Куманово, во една од станбените згради, пронајдено е тело на маж со прострелна рана во главата.
Веднаш на лице место е излезен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово кој раководи со увидот вршен од страна на екипи на Службата за внатрешни работи и обдуценти.
Дадени се потребни наредби со цел утврдување на фактите и расветлување на настанот.