Кумот на вештачката интелигенција: „Опасна е, набргу ќе биде попаметна од нас“

„Кумот на вештачката интелигенција“ Џефри Хинтон поднесе оставка од „Гугл“ за да може слободно да зборува за ризиците поврзани со вештачката интелигенција.

Когнитивниот психолог и компјутерски научник со децении работел на невронски мрежи и „длабоко учење“, а се верува дека неговото истражување придонело за развој на услуги како што е ChatGPT, пренесува Би-Би-Си.

Хинтон рече дека „сега жали за работата што ја направи“ на развојот на вештачката интелигенција.

Според него, ризиците поврзани со чат-ботовите со вештачка интелигенција се „прилично страшни“ и постои можност вештачката интелигенција наскоро да биде попаметна од луѓето.

„Во овој момент гледаме дека системите како GPT-4 ги надминуваат луѓето во однос на општо знаење и таа разлика е голема. Во однос на расудувањето, тој не е толку добар, но очекуваме наскоро да биде подобар“,  додаде Хинтон.

Според Хинтон, некои од „злонамерните играчи“ би можеле да им дадат на роботите способност да создаваат свои цели, што тој го опишува како „кошмарно сценарио“.

„Во одреден момент, целите на вештачката интелигенција би можеле да станат нешто како – сакам да имам поголема моќ“, изјави тој.

Според „таткото на вештачката интелигенција“, човечката интелигенција значително се разликува од вештачката интелигенција.

„Ние сме биолошки системи, а тоа се дигитални, а главната разлика е во тоа што има многу копии од исти модели на светот. И сите тие копии можат да учат одделно, но да го споделат своето знаење за неколку секунди. Замислете 10.000 луѓе и дека секој пат кога некој од нив ќе научи нешто ново, сите други автоматски го знаат тоа. Токму на тој начин четбот услугите знаат многу повеќе од луѓето“, објасни Хинтон.

Разделбата со Google беше мирна, бидејќи Хинтон го пофали „многу одговорниот“ пристап на компанијата кон развојот на вештачката интелигенција.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе