Курти: Србија треба да почне да се навикнува на реципроцитет од Косово

Косовскиот премиер Албин Курти вели дека, со денешниот договор со српската страна за решавање на последниот спор по воведувањето на времените таблички за возилата кои влегуваат од Србија, Косово воспостави реципроцитет во однос на тој проблем, а со истото, како што порача, соседната држава ќе се соочува и во иднина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти на својот Facebook напиша дека условите кои ги поставил српскиот претседател Александар Вучиќ за решавање на кризата по одлуката на Владата во Приштина за воведување времени регистерски таблички за возилата, се одбиени, по што Белград, како што вели, „ќе се навикнува на реципроцитет“.

– Минатата недела претседателот на Србија постави четири услови за средба во Брисел на нашите претставници. Нормално дека тие не му се исполнија и вчера се одржаа разговори во Брисел. Сега почнува епохата во која Србија ќе се навикнува на реципроцитет, порача косовскиот премиер.

Тој појасни дека, според договорот постигнат денеска во Брисел меѓу специјалните претставници на Приштина и Белград, со посредство на Европската Унија, на возилата кои влегуваат од едната во другата држава ќе им бидат покривани табличките со соодветните државни симболи.

– Реципроцитетот на регистерските таблички е воспоставен. Бидејќи на табличките на Република Косово во Србија ќе им се покрива државниот симбол, и на сите таблички од Србија, без исклучок, ќе им се покрива нивниот симбол на територијата на нашата држава, напиша Курти.

Во врска со специјалните полициски единици кои беа распоредени на граничните премини со Србија, Јариње и Брњак, по воведувањето на реципроцитетот со табличките, Курти информира дека тие ќе се повлечат по укинувањето на блокадите од косовските Срби.

– Специјалната единица на полицијата на Косово замина во Јариње и Брњак на 20 септември за да ги брани премините и пограничната полиција од тие кои ги блокираа патиштата и слободниот проток. Со оглед дека тие ќе се оддалечат, нашата специјална единица нема зошто да остане таму, а ќе биде секогаш спремна за интервенција при секое такво или слично загрозување во иднина. Нормално, нашата погранична полиција и натаму ќе го спроведува реципроцитетот со табличките. КФОР ќе биде таму, околу две недели, за сѐ да биде безбедно, порача Курти.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе