СЕРИЈА А 2019/20

Лацио најде начин како да го наполни стадионот со навивачи

Како што стојат работите во моментов, Серија А би можело да се обнови на 13 или 20 јуни, откако неделава конечно беа утврдени протоколите за групни тренинзи во Италија.

Секако, натпреварите ќе се играат без физичко присуство на навивачи, но тоа не значи дека трибините ќе бидат празни.

Лацио има симпатична идеја: ќе го наполни стадионот со фотографии на своите навивачи.

„Размислувавме како може да им дадеме прилика на навивачите да бидат на стадион кога ќе почнеме пак со натпревари. Можам да откријам дека работиме на тоа и следната недела планот ќе биде целосно функционален. Секој кој сака да биде присутен на стадионот може да ни прати своја фотографија, а ние ќе ги поставиме на столчињата“, соопшти клупскиот директор за односи со јавноста Стефано Де Мартино.

„Дополнително ќе објасниме како може да учествуваат навивачите и работиме на веб-страница посветена на оваа иницијатива“, најави тој.

Идејата сепак не е оригинална. Уште минатиот месец истото го направија во Борусија Монхенгладбах, чии навивачи добија прилика да пратат нивни фотографии што потоа беа испечатени на картонски исечоци поставени на трибините. Навивачите со сезонски влезници ќе бидат „присутни“ на нивните назначени места, а останатите ќе бидат сместени на северната трибина.

Навивачите на Гладбах ваквото присуство на трибините ќе ги чини 19 евра, а сите приходи ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Бундеслигата се врати минатиот викенд, а Борусија играше во гости кај Ајнтрахт во Франкфурт и победи со 3:1. В сабота би требало да видиме како ќе изгледа идејата во пракса кога ќе игра на домашен терен против Баерн.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе